Прв одговор на Театар Куманово на почетокот на пандемијата беше креирање на јутуб
канал на кој беа поставени 10 претстави на нашиот театар.- информираат од маркетинг тимот на Театар Куманово.
Сите гледачи имаа можност онлајн да ги проследат следните претстави:,,Волшебникот од Оз“, „Бегај еве ја жена ти 2“, „Пинокио“ , „Интрига и љубов“, „Јованче и Марика“, GAME OVER, „Парите се отепувачка“. „Раскол“, „Вечера за глупаци“,„Сојтарии“ и „LONG PLAY“.
Оваа онлајн емитување се реализираше во текот на март и април.
За да останеме верни на својата публика и да продолжи нашата дружба Театар Куманово и Издавачки центар ТРИ го реализираа проектот „Читаме по дома“ . Склучивме договор за драматизација на 10 книги за млади и деца. Актерите на ТЕАТАР Куманово драматизираа книги за деца и младинци. Целта беше да се мотивираат младите да читаат и да се надоградуваат, а воедно е
инспирација и за самите актери да ги истражуваат можностите на дигиталните форми на комуникација со публиката, кои секако не можеа да го заменат театарот.
Секоја недела се објавуваа дел од книгите, кои беа со прилагодена интерпретација од
домашни услови. Дела кои беа опфатени со проектот се: Лили Сама, Која е бојата на
бакнежот, Срцето е тупаница, Скитникот и синовите,Се гледаме во Опсан, Градината
на китот, Дневникот на едно шмокле, Онлајн девојка, Мочурливци.
Прва одиграна претстава на отворено во време на пандемија во театар Куманово беше монодрамата “Прво Лице еднина” во режија на Драгана Гунин, а во изведба на Владанка Димковска.
Во чекање на протоколите за делување на Театрите за време на пандемијата НУЦК „Трајко Прокопиев“-Театар Куманово со сопствени средства подготви детска претстава. Истата е дуо драма под наслов „Приказна за една шума“, во изведба на Никица Јанковски и Матеј Стојковски. За да се сочува јавното здравје претставата се играше на отворено со 30 посетители. Претставата имаше 7 изведби до крајот на септември 2020.
Исто така имавме и гостување на претставата “Дневникот на лудиот” во режија на Ѓорѓи Јолески во која игра актерот Бобан Алексоски.
Конечно кога се изготвија протоколите се реализираше и премиерата на дуо-драмата „Солдат“ според мотиви од „Следниот“ од Торен Мекнели, во која играа актерите Сања Русевска и Марко Трајковиќ.Претставата до крајот на октомври доживеа 3 изведби.
Потоа следуваше премиера на детската претстава „Трнорушка“, која беше успешно изведена 7 пати, како и премиера на театарската претстава „Бегај еве ја жена ти“ , албанска драма и “Вообразен болен” oд Молиер.
Земавме учество на Меѓународниот фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претстaвата „Телефонот на мртовецот што актерката Александра Пешевска беше наградена со наградата за најдобро актерско остварување а учествувавме и на Фестивалот на комедијата „Гола Месечина“ со претставата „Имотот на агата“
Во меѓувреме претстaвата „Телефонот на мртовецот“ учествуваше на Меѓународниот
фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, за што актерката
Александра Пешевска беше наградена со наградата за најдобро актерско остварување.
На крајот на септември со претставата „Имотот на агата“ учествувавме на Фестивалот
на комедијата „Гола Месечина“.
Го одржавме и Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ 2020 година. Оваа година
за прв пат беше воведена наградата „Васил Иљоски“ која им се доделува на актери кои
дале особен придонес во културата и актерската игра. Прва наградена добитничка е
нашата позната актерка Шенка Колозова.
Фестивалот беше отворен од Зијах Соколовиќ од Република Босна и Херцеговина, и
продолжи со следните претстви: Продукција УГД Штип „Фанови ", НУЦК Ацо Шопов
Театар Штип „ЈЗУ ЕВРОПА“, НУЦК „Антон Панов“ -Театар Струмица „Секс, лаги и
љубомора“, Продукција „Маскарад“ од Софија „Не се клади на англичани“,
Позориште Славија – Белград „Женски разговори“, Театар Комедија од Скопје „Човек,
sвер и доблест“ и НУЦК „Трајко Прокопиев“-Театар Куманово „Солдат“. Претставата
„Човек, sвер и доблест“ на Театар Комедија од Скопје беше прогласена од страна на
публиката за најдобра претстава.
За време на пандемија горди сме што можеме да кажеме дека успеавме да одржиме
квалитетен и убав театарски фестивал, кој се надеваме наредната година ќе го врати
стариот капацитет на публика и ќе има можност да предизвика насмевки кај повеќе
гледачи.
Во моментот подготвуваме Новогодишно изненадување за најмалите, заедно во соработка со локалната телевизја ТВ ПЛУС како и со Фото Студио Стил, за кое ќе може да се информирате на нашите социјални медиуми. ( Фејсбук и Инстаграм)
Репертоарот на театарот секако ќе зависи од постојната епидемиолошка
состојба во нашата држава. Сепак приоритет се вработените и нашата публика која
мора да биде заштитена во оваа време. Едноставно ќе се прилагодуваме на моментот. – додава маркетинг тимот на Театар Куманово.