ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата и Лазаревски потврдија – оставката од УО е дадена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм

December 22, 2020 15:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм и нема кумулација на функции, реагираат од Владата на денешната прес коференција на ДКСК, на која беше соопштено дека спорно е тоа што лицето е истовремено член на управниот одбор на истатата институција.

„Во конкретниот случај не постоел никаков ризик од кумулација на функции. Прво, г-дин Лазаревски дал оставка од својата претходна функција пред да биде назначен за друга. Второ, Владата на Република Северна Македонија донела решение со кое ја констатира неговата оставка, односно го разрешува од функцијата на член на Управниот одбор на Агенцијата за филм пред тој ефективно да ја преземе функцијата на в.д. директор.

Владата на Република Северна Македонија постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери. Оттаму, состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи. Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер.“, велат од Владата.

Според Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пак, прво треба да се разреши лицето како член УО, па потоа ќе може од страна на Владата да биде именуван како директор.

„Спорно е тоа што лицето е истовремено член на управниот одбор на Агенцијата за филм. Има неспоивост на двете функции, изјави Владимир Георгиев, член на ДКСК, на денешната прес-конференција.

Претходно, на 19 декември, новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека не станува збор за кумулација на функции, бидејќи тој веќе поднел барање за оставка од Управниот одбор, пет дена пред да го назначат на новата функција.

„Јас поднесов оставка од функцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од УО и уште не сум потписник како в.д. директор во Агенцијата за филм…Законот вели дека не смее функционер да биде назначен за член на УО. Би имало кумулација на функции доколку би било обратно, ако од функција директор би ме назначиле за член на УО. Јас сè уште не сум потпишал ништо, и во секој случај нема кумулација на функции“, изјави Лазаревски за Фронтлајн.

Владата на седницата на 15-ти овој месец го назначи Бојан Лазаревски за вршител на должноста директор на Агенцијата за филм, откако беше разрешен неговиот претходник Горјан Тозија.

Антикорупциската комисија отвори предмети за работата на Тозија за предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитуваше законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата.

„Транспаренси интернешнел Македонија“ на 6 јули до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Тозија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена должност, конкретно за незаконските исплати од Агенцијата, а врз основа на новинарски извештаи.

Мандатот на в.д. директор трае шест месеци.

И.Т.Зафировска

Next Post

В недела се очекува да започне вакцинацијата на Кипар

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk