ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место, реформите ни се неопходни веднаш

December 23, 2020 13:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Сите сме согласни дека реформи во основното образование ни се неопходни и потребни веднаш. и токму затоа денеска јавно ја презентираме новата концепција за основно образование, која потоа преку јавна дебата сите заедно ќе ја донесеме како успешен иновативен модел за учење во нашата држава, рече Царовска на денешната прес конференција каде ја презентираше новата концепција за основно образование..

Царовска посочи дека секое одлагање на овие промени донесува негативни ефекти кон образовниот процес и кон учениците.

Таа нагласи дека сите меѓународни и домашни истражувања потврдуваат дека на децата во нашата држава не им се овозможува да се стекнат со компетенции потребни да го развијат својот полн образовен потенцијал и личен развој.

„Според ОЕЦД, во споредба со нивните земји членки, учениците до 14 годишна возраст од Македонија добиваат околу 900 саати помалку настава. Според истражувањата на УСАИД, пак, нашите ученици имаат усвоено основни вештини за читање и математика, меѓутоа имаат тешкотии со основните вештини како што се читање со разбирање и одземање. Тестирањата од УСАИД покажуваат дека помалку од 40% од учениците од второ одделение ги завршиле задачите за разбирање на прочитан текст, наспроти меѓународното мерило од 80%,“, истакна Царовска.

Царовска укажа дека има видливи недостатоци во образовниот процес и кај наставниците.

„Високи 82% од наставниците сметаат дека основното образование треба да се реформира. Токму тие се нашиот партнер  во промените и понатаму. Ниту еден наставник нема да го изгуби работното место, а високо-образовните научни установи ќе продолжат да создаваат кадар во сите научни дисциплини затоа што истите ни се потребни за спроведување на наставата и по новата концепција.“, рече Царовска

Министерката рече дека ќе се воведат повеќе изборни предмети, настава прилагодена спрема потребите и можностите на учениците, како и неформално учење и активности надвор од наставата.

„Новата концепција за основно образование се заснова на однапред определени национални стандарди за компетенции што треба да ги стекнат учениците по завршување на основното образование, а тоа се во делот на јазична писменост, математика, природни науки, технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемаштво,. Овие национални стандарди се  вградени во клучните компетенции за доживотно учење, коишто се опфатени во препораките на Советот на Европа со цел да се подобри квалитетот на образованието во земјите членки и овие клучни компетенции се прилагодени на возраста на учениците и на контекстото на македонското општество.“, нагласи Царовска

Таа потенцира дека целосно се менува и пристапот на наставата.

„Наместо преку бледи факти, содржините ќе бидат презентирани во реален контекст, па така учениците ќе се здобијат со целесно разбирање од појавите  и настаните што ги изучуваат и ќе знаат да ги применат овие информации и понатаму. Основното образование ќе биде поставено на начин на којшто ќе поттикнува креативности и стражување во наставата, но и личен развој“, заклучи Царовска.

Покрај министерката Царовска, на прес-конференцијата беа присутни и заменик-министерот Арафат Шабани, државниот секретар Сељатин Бељули и експертите кои беа вклучени во изработката на новата концепција за основно образование.

Владат вчера донесе заклучок да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Први ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk