ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква растат туристичките потенцијали и развојот на регионот

December 24, 2020 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. На почетокот на зимската сезона, сега граѓаните на Кочани, на регионот и сите граѓани туристи од земјата и од странство имаат модерен и безбеден сообраќаен пристап до туристичката понуда на Осогово и убавините на планината, вклучувајќи го тука и експресниот пат Штип-Кочани кој влезе во неговата последна фаза на изградба“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев, извршија увид и изразија задоволство од завршените работни активности на регионалниот пат Кочани – Пониква, информираат владини извори.

Премиерот Заев информираше дека патот се реконструираше по целата негова должина од 19,4 километри со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски во вкупна вредност од 2 милини евра.
Воедно претседателот на Владата соопшти дека дополнително на Пониква заврши и реконструкцијата на двата ски-лифта, се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква.

Исто така премиерот Заев наведе дека наскоро ќе започне реализацијата на браната на Арамиска Чешма, којашто ќе го реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.

„Се очекува сите овие проекти да ги зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот. Градиме и се поврзуваме. Во „Акција 21 – европски стандарди дома“, градењето и поврзувањето го ставивме како приоритет. Европски стандарди дома значи добри патишта за да ни се развива туризмот.  Иако сме во време на пандемијата од корона кризата, со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме изведбата на националните, регионалните и локалните капитални проекти да запрат. И во услови на оваа здравствена криза тие и понатаму се мотор на домашната економија“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека со овој патен правец после четириесетина години добиваме квалитетна патна инфраструктура до овој ски-центар.

„Во нашиот План 21, инфраструктурата е на високо место во владината агенда. Се гради првиот експресен пат од Штип до Кочани, ја рехабилитиравме обиколницата кај Кочани, патот од Кочани до Делчево и сите патни правци до Бугарија“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев нагласи дека со овој патен правец Кочани го има најквалитетното патно поврзување од сите туристички центри во нашата држава и  Пониква полека станува посакувана и привлечна дестинација.

Next Post

Министерката Шахпаска во посета на СОС Детско село

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ