ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Водени од пораките на овој голем празник овие светли денови да ги поминеме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни

December 25, 2020 11:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква, известуваат владини служби.

Во писмото и до сите верници на Католичката црква во нашата земја, премиерот Заев пишува дека Божик е еден од најсветлите празници, кој носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек и за секое семејство, кој годинава го славиме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.
„Овој голем христијански празник секогаш ги повикува луѓето да се огледаат во делото и учењето на Исус Христос, како најинтимен и најрадосен момент во душата на секој верник, при што во мир и со спокоен дух заедно да го победиме злото и да го преобразиме во добро. Соочени со моќен непријател, но водени од христовата љубов да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, а овие светли  денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни“, истакнува во писмото премиерот Заев, и додава како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме препораките за безбедно растојание, носење на заштитна опрема и за одржување на редовна лична хигиена и за време на празниците.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев ја нагласува пораката на Божикните празници кои поттикнуваат на човечко милосрдие, на добри дела, на разбирање еден со друг и на љубов во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.
„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“ пишува во писмото со честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

Next Post

#FITRCLASSROOM: Со храбри потези и флексибилност во работењето 2021-ва подобра за стартап компаниите

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk