ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и економски развој

December 25, 2020 15:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот, соопштуваат владини служби.

„Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да се осврне на важноста на медицинскиот канабис, кој како што истакна е огромен потенцијал за економски развој.

„Ние имаме 59 лиценци, сакам да ја истакнам пораката за разумноста на Парламентот. Законот таму седи една и пол година. Се работи за медицински потреби на канабисот. Овде го развиваме, веќе пакетот на позитивните листи на лекови за користење. Се користи на 68 позитивни лекови на германската позитивна листа, насекаде во Европа, насекаде во светот. Одлично дава резултати за Паркинсова болест, за епилепсија, за психолошки растројства, за карциноми и за други болести“, рече Заев повикувајќи се на повеќе анализи на научници кои мапирале канабиноидни центри (рецептори) кои помагаат во болеста и во најмала рака ја намалуваат болката, го стабилизираат организмот и слично.

Тој подвлече дека одгледувањето на медицинскиот канабис е огромна потенцијална економска можност и за оваа опција има поддржувачи од припадници на различни партии.

„Овде нема политика, ова е нешто национално. Треба да го подржиме Законот и следни се дебатите, коишто ги отворивме. Гледам има голема прифатеност на опцијата за декриминализација, луѓето зборуваат за тој пола грам, како што велат невладините организации, кој се користи дома, да се затвораат луѓе, навистина не е во ред“, оцени Заев подвлекувајќи дека останува заложбата на Министерството за внатрешни работи да води борба против шверцот и тргувањето со дрога и наркотички средства.

Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од конзументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.

„Во едни такви околности, јас ја отворам дебатата, верувајќи дека ќе доминираат помладите, поавангардните сили во државата. Логично ми е, постарите да бидат порезервирани, повнимателни и тоа опстојува. Но, конечната цел, остварува одличен економски раст и развој. Отвора нови работни места, внесува девизен прилив во државата, помага многу во борбата против користењето на други наркотички средства“, рече Заев кој подвлече дека во наредниот период ќе биде јавна оваа дебата и дека треба да го искористиме овој сериозен економски потенцијал.

Премиерот Заев го подвлече и тоа дека во Законот за опојни дроги се предвидува 20 проценти, наместо десет, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.

Премиерот Заев посочи дека дебатата во јавноста ќе биде отворена и за прашањето за легализацијата медицинскиот канабис, со отворање кафетерии, прво во одреден дел од територијата на државата, како на пример во туристичките центри како Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје како голем туристички центар.

Next Post

Њузмакс Адриа: Жељко Јоксимовиќ планира да ја купи агенцијата Танјуг

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk