ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Вие сте нашите херои, сите сме ви должни и благодарни

December 25, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска имаше работен состанок преку видео врска, со претставниците на Министерствата за здравство, внатрешни работи и одбрана, како и припадниците на Црвениот Крст и Противпожарната бригада, кои изминатата година беа во првите редови во борбата и справување со кризата која произлезе од КОВИД-19. На состанокот премиерот Заев имаше можност изворно да се запознае и да се информира од одговорните кои целокупниот изминат период работеа во позадина и со своите активности придонесуваат во успешно справување со пандемијата, соопштуваат владини служби.

Во името на Владата на Република Северна Македонија и во име на сите граѓани, премиерот Заев им се заблагодари на сите кои придонесоа во успешно менаџирање на кризата и рече:
„Во оваа борба, за совладување на здравствената криза со пандемијата, во првите редови се вклучени лекарите и целиот медицински и друг помошен персонал во болниците, припадниците на МВР, нашите граѓани во униформа и цивилниот персонал на Армијата, волонтерите на Црвениот Крст и на другите хуманитарни организации, припадниците на противпожарните единици и сите останати вклучени во системот за справување со кризи. Сите вие, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот и непредвидлив вирус, притоа доведувајќи го сопственото и здравјето на своите блиски во опасност“, истакна премиерот Заев.
Директорката на Клиниката за инфективни болести и координаторот на ковид центрите на интерните клиники докторите Милена Стефановиќ и директорот на Клиниката за пулмологија д-р Дејан Докиќ го информираа премиерот за моменталната состојба во клиниките и ковид центрите, оперативните планови кои се во функција и тековната координација околу очекуваното вакцинирање на популацијата со која ќе се стави крај на пандемијата.
Бригадирниот генерал Бесник Емини и потполковничката Елизабета Наумовска – Петрески брифираа за моменталниот ангажман на Армијата и Министерството за одбрана чии припадници се распределени на стратешки локации и им помагаат на здравствените власти и полицијата цел овој изминат период успешно да ја менаџираат состојбата на терен. Армијата им припаѓа на граѓаните и тука е да служи на нивните потреби, целокупниот овој период припадниците помагаат и на терен но и во самите ковид центри со што се олеснува целокупниот притисок врз здравствениот систем истакнаа Емини и Наумовска – Петрески.
Началникот на Бирото за јавна безбедност Благојчо Спасов кој беше придружуван од неговите колеги од СВР Скопје и СВР Куманово  – Насер Ајдини и Пеце Скаклески го информираа премиерот за моменталната состојба на терен, активностите на полицијата во спроведувањето на тековните задачи и задачите кои произлегуваат од одлуките на Владата за заштита на населението во услови на корона криза. Началникот на ЕИЈ од СВР-Скопје Скаклески информираше дека во тек на целата пандемија само на ниво на Скопје се исконтролирани и доставени околу 50.000 решенија за изолација и уште толку семејства и индивидуи се исконтролирани со што се спречува ширењето на вирусот и се штити населението.
На состанокот беа присутни и претставници на Црвениот Крст кои со преку 500 волонтери и мобилни тимови од почетокот на пандемијата се на терен и им помагаат на бездомниците, социјално загрозените семејства како и на граѓаните на кои им е потребна помош. Александра Ристовски, како координатор на програмите на Црвениот Крст, рече дека како организација се постојано и активно вклучени во помош на локалното население но и во помош на МВР и Армијата во случаи каде што има мигранти кои ја поминуваат нашата територија и на кои им е потребна помош, но и скрининг преку кој се набљудува нивната здравствена состојба и блокирање на можност за инфицирање со КОВИД-19. Тука се и мобилните тимови на јужната и северната граница кои се постојано на терен и нудат помош и поддршка на граѓаните.
Командантот на противпожарната бригада – Владимир Симоновски информираше за редовното работење на пожарникарите и нивните активности кои се ставени во функција на здравствениот систем, помош и поддршка на граѓаните во нивните дневни активности и потреби.
На крајот премиерот Заев им посака на сите пријатни претстојни празници со желба за здравје и успех во нивните работни задачи и им порача дека тие се хероите на нашето време!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина новинарот Владимир Лапе

June 17, 2025

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk