ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Казната за бандитското однесување на возачот со бентлито е мала, планираме драстично зголемување на казните

December 27, 2020 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила.

– Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски.

Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави.

– Синоќа се случи растурање на забава во Волково, при што беа приведени 29 лица. Ист таков настан имаше во Куманово, каде што беше растурена семејна веселба. Така што, одговорно и посветено ќе постапуваме и за новогодишната ноќ. Апелирам уште еднаш до граѓаните да прославуваат одговорно. Сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот, потенцира Спасовски и додаде дека има тенденција за намалување на новозаразените.

Спасовски уште еднаш порача за време на празниците да бидеме сите одговорни.

– Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, подвлече Спасовски.

Во врска со возачот на „бентлито“, кој помина низ украсите на скопскиот плоштад и заработи казна од 45 евра, министерот повтори дека смета оти казната е мала и дека во Владата размислуваат за менување на висината на пропишаните казни.

– Казната е за едно неодговорно бандитско однесување, коешто го нарушува мирот и спокојот на граѓаните. Планираме драстично да ги зголемиме казните за такво однесување, рече Спасовски.

На ова се надоврза министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која додаде дека во Владата се размислува казната да биде одредувана процентуално во зависност од приходите на прекршителот.

– Најчестиот коментар кој можевме да го слушнеме во периодов беше дека за човек кој вози „Бентли“ 45 евра се ништо. Но, во програмата на Владата најавивме дека казните ќе бидат формулирани во процент од приходите и имотот и тогаш на секој прекршител ќе му се додели казната ќе ја почувствува и која ќе го натера, а тоа е целта на сите казни, да превенира такво однесување, истакна Шекеринска. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ФОТО) Новогодишно изненадување на детската клиника - Дедо Мраз го донесоа пожарникарите, Филипче подели пакетчиња

НАЈНОВО

Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk