ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Децата во земјава секојдневно се жртви на различни форми на насилство

December 29, 2020 15:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на изработката на „Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија – од перспектива на децата“ на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, децата, меѓу другото, ги истражуваа и следниве теми: запознаеност со детските права и нивно почитување, насилство врз децата, дискриминација, слободно време, игра, спортски и културни активности, деца на улица, образование и животна средина.

Детскиот извештај, како што соопшти Меѓаши, беше поднесен до Комитетот за правата на детето при ООН, како дел од периодичниот процес на известување за спроведувањето на Конвенцијата за правата на децата во Македонија и истиот ќе биде презентиран пред Комиетот во февруари 2021 година.

Кои се правата на децата за овие значајни теми, со кои проблеми најчесто се соочуваат и кои се нивните препораки за подобрување на состојбите, авторките на извештајот се обраќаат во краткo видeo.

– Децата ја истакнуваат потребата од активности за зголемување на запознаеноста со детските права и Конвенцијата за правата на детето како помеѓу децата, така и помеѓу возрасните. Децата наведуваат дека секојдневно се жртви на различни форми на насилство, помеѓу кои најзастапено е врсничкото насилство и потенцираат дека училиштата треба да направат многу повеќе за едукација на децата за спречување на овој вид насилство, посочуваат од Меѓаши.

Дискриминацијата по основ на возраст, пол, етничка припадност, финансиска состојба на семејството и физички изглед е мошне застапена појава во животот на децата. Оттука, децата препорачуваат преземање итни мерки за искоренување на дискриминацијата и социјална иклузија на сите деца кои биле изложени на истата.

Недостатокот на места за продуктивно поминување на слободното време и учество во спортски и културни активности е особено нагласено во руралните и помалите урбани средини. Децата истакнуваат дека треба да се посвети повеќе внимание на ова поле а ваквите активности и места да бидат креирани во соработка со децата за да можат да одговорат на нивните потреби.

– Децата на улица се особено ранлива група и тие не ги уживаат ниту основните човекови права. Во извештајот децата потенцираат дека институциите мора да направат многу повеќе за да им помогнат на децата на улица и нивните семејства. Проблемите во образованието се бројни, вклучително слаб квалитет на наставата, недоволна грижа за хигиената, несоодветни услови за децата со попреченост и недоволната грижа за менталното здравје на децата. Децата сметаат дека мора да им се даде на овие проблеми приоритет, наведуваат од Меѓаши.

Додаваат дека загадениот воздух, особено во зимските денови, како и дивите депонии, фабриките во близина на населените места се дел од еколошките проблеми со кои се соочуваат децата и сметаат дека за истите не постои ниту доволна свест, ниту доволна грижа од државата.

 

/МИА/
Next Post

(ВИДЕО) Новинар известува од местото на земјотресот во Петриње, кога сè почнува да се тресе и руши

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk