ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања почна со интервјуа на кандидатите за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

December 29, 2020 15:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Пред собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница вкупно 44 пријавени кандидати, за објавениот оглас за седум членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, го почнаа нивното претставување и образложвуање на нивните биографии.

Пред пратениците членови на собраниската Комисија, но и пред поканетите претставници од НВО, од амбасадите на САД, на Кралството на Велика Британија и на Кралството на Холандија, на канцелариите на ОБСЕ и на ЕУ, како и од Националниот демократски институт како стратешки партнер на Собранието во многу деморкатски процеси.

Прва на јавната расправа својата биографија ја презентираше Бесире Мијаки професорка по правни науки во средното училиште „Арсениј Јовков“ со долгогодишно искуство.

Мијаки одговарајќи на прашања поставени од извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и од пратеникот Игор Јанушев, нагласи дека ги поседува сите потребни документи и верува дека ќе биде експедитивна и со високо ниво на успех ќе ја извршува функцијата. Објавила различни трудови, како што рече, покрај теми од областа за недискриминација и научни истражувања за човекови права.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев, претходно процедурално побара прво од страна на Комисијата да биде извршена административна проверка односно селекција за тоа дали 44 – те пријавени кандидати ги имаат исполнеето бараните услови, па потоа да се продолжи со јавна расправа. Комисијата не го усвои предлогот на Јанушев.

Кандидатот Гани Фетаи од Општина Желино, по професија правник и вработен во Општината на местото советник за правни прашања, Пировска сакаше да знае колку години искуство има во правните работи, додека пратеничката Рашела Мизрахи побара поконкретен опис на неговото работно искуство. Фетаи истакна дека со приближно девет години работно искуство за правни прашања, кога секојдневно се соочувал со проблемите на граѓаните, има солидно искуство за да продолжи понатаму. Смета дека од правен аспект добро ќе се справува со ситуациите во рамки на оваа Комисија, во служба на граѓаните.

Поранешната пратеничка Весна Бендевска, во своето претставување меѓу другото истакна дека не е носител на партиска функција, искуството поминати во три периоди во Собранието ќе биде значајно во поглед на работата во оваа Комисија.

Кандидатот Душко Миновски, кој работи на социјалната политика и социјалната заштита скоро 40 години, на детски човекови права, семејно насилство, стари и изнемоштени лица односно на се она што се нарекува ранлива категорија, наведе дека тој е и првиот претседател на ад хок Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од 2011 – 2016 година. Одговарајќи на прашање од пратеник со кој вид дискриминација најчесто се соочувале додека тој бил претседател на Комисијата, Миновски истакна дека по направени различни анализи се издвојувале пред се дискриминација по пол и род, етничка и политичка припадност.

Мухамед Точи, магистер по правни науки, од Гостивар, доаѓа од Гостивари е дел од граѓанскиот сектор 27 години, ја води организацијата „Месечина“ односно секторот за човекови права и меѓуетнички односи. Смета дека неговото искуство во делот на човековите права и недискриминација, доволно за да биде дел од Комисијата. Според него, ромската етничка заедница има потреба да го разбере овој закон за недискриминација и доколку биде избран како дел од Комисијата, ќе се труди да го прави лесно достапен овој закон до сите заедници, вклучително и на Ромите, преку кампањаи и отворени настани.

На седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата во Собранието, по едночасовната пауза, во 15 часот, ќе продолжи претставувањето на кандидатите за членови  на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на РС Македонија, да има стекнато 240 кредити според ЕКТС и има минимум седум години работно искуство областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација, во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење на дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.

 

/МИА/
Next Post

Јовески до шефовите на јавните обвинителства: Нападите на нашата работа земете ги како поттик за уште поголемо и професионално ангажирање

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk