ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска: Потребен е функционален систем и меритократија за излез од кризата

December 30, 2020 10:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на стопански комори (ССК) како глас на стопанството, продолжува да го застапува приватниот сектор и со предлози базирани на факти да придонесува да се креираат финансиски и не финансиски мерки за помош, со кои ќе се надмине здравствено економската криза, а какви ќе бидат економските показатели за движењето на македонската економија во наредната година ќе зависи од тоа дали ќе се остварат очекувањата за надминување на кризата во првиот квартал од новата година.

Ова го порачува претседателката на ССК Данела Арсовска во новогодишното обраќање во кое посочува дека годината која изминува беше исполнета со многу предизвици и неизвесност во многу области на живеењето, но кризата со која се соочивме на економските план е една од најголемите во поновата историја.

-Во следната година важно ќе биде одлуките на институциите да одговараат на барањата и потребите на граѓаните и стопанството, а колективниот интерес секогаш да биде пред индивидуалниот. Државата треба да се стреми кон систем кој ќе гарантира сигурност и стабилност на работните места и на економијата воопшто, како и кон институционално посветено делување кон секој кој регистрирано работи на националниот пазар, со цел да му се овозможат фер услови диктирани од самиот пазар, кој, пак, треба да е ослободен од влијанија и да е базиран на принципите на слободна конкурентност и еднаков третман, посочи Арсовска.

Важно е, додаде, да се инсистира на овозможување на подобро деловно опкружување, каде секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок.

-Македонската економија во три квартали годинава бележи пад од 5,9 отсто предизвикан од пандемијата, која доведе до значително забавување и прелевање на ефектите од здравствено економската криза во 2021 година. Нашата мала и кревка економија во голема мера е зависна од трговијата и инвестициите од ЕУ, кои исто така се погодени од пандемијата. Стапките на невработеност повторно се зголемени и состојбите на пазарот на трудот се влошуваат што дополнително ги отежнува состојбите, па така без конкретни и добро таргетирани мерки, ќе следи тежок период, нагласи претседателката на ССК.

Според неа, бројни се предизвиците кои ќе треба да се надминат во следната година, особено во економијата и доколку итно не се делува за нивно решавање, нема да може да се постигнат очекуваните резултати.

Без разлика на видот и димензијата на економските мерки, кои е неопходно да продолжат и наредната година, како што вели надежните институции мора итно да се посветат на три предизвици.

-Првиот е да се воспостави систем на владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите и да се применуваат неселективно, во спротивно инвестициите ќе бидат минимални. Довербата во институциите, а особено во судската власт се намалува во континуитет. Воедно потребно е да се престане со брзите и чести промени на законите, кои дополнително придонесуваат за несигурност кај граѓаните и стопанството,посочи Арсовска.

Второ, институциите итно треба да се посветат на сериозно сузбивање на сивата економија која е во експанзија и во моментов има удел од скоро 40 отсто од вкупниот економски сектор.

-Со сузбивање на сивата економија дополнително ќе им се помогне на претприемачите кои легално се борат за опстанок на пазарот во услови на тешка криза, кои едновремено покрај конкуренцијата од сивата економија се соочени со инспекции и преобемна и сложена регулатива, смета таа.

Трето без системска контрола и регулација на е-трговијата се уништуваат стихијно над 10 илјади македонски претпријатија кои работат во секторот трговија.

-Во моменти кога ЕУ земјите го штитат својот домашен пазар и имаат нулта толеранција за избегнување на царина и данок, во Македонија прагот за меѓународна е-трговија расте, што директно ги оштетува малите увозни претпријатија. Во внатрешниот промет карго доставите на нарачки од е-трговија работат без евидентирање и претставуваат најголем извор на затајување на данок на национално ниво. Нема стабилна економија, доколку условите на пазарот не се еднакви за сите, порачува Арсовска.

Во новата година, како што вели, институциите треба да воспостават добро корпоративно управување кое во услови на криза, бара знаење и компетентност.

-Во изминатата година покрај тоа што имаше еден од помалите пакети за поддршка на приватниот сектор за економски спас, имаше и потреба од системско решавање на предизвиците, што доведе до потешкотии во имплементација на финансиските мерки за помош. Надминувањето на овие состојби, може да се постигне со планирани системски решенија, но и со отпочнување на именување на носители на јавни функции засновано врз принципот на меритократија. На тој начин, ќе постојат точно утврдени постапки кои ефикасно и ефективно ќе се спроведуваат, а во исто време

оние кои имаат улога на одлучување во одредена институција, ќе знаат квалитетно да ги спроведуваат политиките потребни за надминување на потешкотиите, прецизира Арсовска.

Воспоставување функционален систем во државата, смета таа, ќе значи овозможување на следење на текот на сите постапки едновремено, како и следење на нивниот степен на реализација, постоење одговорност кај оние функционери кои несоодветно или ненавремено ја извршуваат својата работа особено во делот на поддршката за приватниот сектор и граѓаните, отстранување на самоволно однесување и слободно толкување на прописите.

-Сите недостатоци би се минимизирале доколку се стават во функција системски решенија, кои ќе овозможат подобра иднина и економски просперитет за сите граѓани. а тоа би требало да биде и највисокиот приоритет на институциите,порачува претседателката на ССК во своето новогодишно обраќање.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вака изгледа Петиња утрово после разорниот земјотрес- почувтвувани над 40 земјотреси во текот на ноќта

НАЈНОВО

Турција блокираше над 311.000 страници и содржини на социјалните мрежи

September 4, 2025
Фото: Никола Маџиров

Никола Маџиров лауреат на Меѓународната награда за поезија во Кина

September 4, 2025

Киеза не е во составот на Ливерпул за Лигата на шампионите

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk