ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Реформите се итно потребни, концепцијата е современ систем на образование

December 30, 2020 16:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата концепција треба итно да ја донесеме за да имаме период да подготвиме наставни програми. Таа предвидува современ систем на образование кој значи интегрирана педагогија што веќе 20 години ја има во најголем дел од развиените земји во светот. Обврска е и од Законот за основно образование, кој беше донесен минатата година, а и во Националната стратегија за развој на образованието 2018-2025 е јасно укажано дека основното образивание мора итно да се реформира – со интегрирање, промена на програми, нови содржини и нови наставни материјали, а учебникот да не се употребува како единствено средство за учење.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на седницата за пратенички прашања, посочувајќи дека за реформи во образованието се зборува 15 години, но не се прават чекори, и дека сите домашни и меѓунарпдни анализи покажуваат дека нашето образивание не ги дава поребните ефекти и учениците не поседуваат знаења за да се снаоѓаат во одредени ситуации, да донесуваат одлуки врз основа на аргументи.

Поразителни се фактите според кои сме на дното на листите на меѓунарпдни анализи, рече Царовска, како пример посочувајќи дека само 40 отсто од нашите второодделенци читаат со разбирање или решаваат математички задачи со текстуален дел. Таа најави дека во 2021 ќе има пилот-национално тестирање за да добиеме и своја анализа.

Нацрт-концепцијата е подготвена од работна група која предложила, како што рече министерката, многу современ, македонски концепт на образивание, кој првпат почнува од национални стандарди за образование зашто нашата држава никогаш не подготвила кои се резултатите од улење што секој ученик мора да ги има по завршување на деветтото одделение.

– Оваа концепција сега, усогласена со препоралите од Советот на Европа и ОЕЦД, предвидува осум резултати по завршување на деветто одделение – резултати во јазична писменост, користење друг јазик, математика, природни науки, технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демојратска култура и граѓанско претприемништво, уметничко изразување, култура и мултикултура, рече Царовска, нагласувајќи дека пред се треба да се смени системот на фактографско учење зашто никаде во светот учениците не се насочуваат да учат факти од книгите, зашто се веќе лесно достапни, туку да истражуваат и анализираат.

Покрај ова, концепцијата, предвидува, рече таа, и инклузивност, родова рамноправност и мултикултурализам и други воспитни вредности кои досега биле запоставени.

Според неа, концепцијата им овозможува и на наставниците поголема автономија и можност да одлучуваат, да ја дополнуваат и креативно да ја подобруваат наставната прорама, согласно со културата на живеење на нивните ученици.

Во истражување на нивното мислење, како што рече Царовска, 4.160 наставници кажале дека сакаат да имаат многу поголема автономија. Таа повтори дека со концепцијата не само што нема да биде отпуштен ниту еден наставник, туку ќе имаат и дополнителни часови поради изборни предмети и воннаставни содржини кои ќе ги предаваат во училиштето. Нагласи дека покрај во учениците, се инвестира и во наставниците, зашто тие се, рече, срцето на образованието.

– Да не заборавиме, наставниците беа држени постојано на кратко ланче од претходната власт – на десет часа, пет часа, три часа, десет школи по еден час, се со цел да бидат присилени на следните избори да гласаат. Ние тоа го менуваме. Наставниците мора да имаат стабилна работа, да се чувствуваат сигурно и да имаат кариерен развој, рече Царовска и во тој контекст соопшти дека Владата вчера на седница донела одлука за распределба на наставници ментори и утврдила буџет. Огласот ќе биде распишан во јануари и секоја општина ќе добие наставник ментор.

Нејзиното излагање беше одговор на прашање на пратеникот од СДСМ, Јован Митревски, кој порача дека реформите се потребни итно – „не утре, туку вчера“ и дека образованието треба да се гледа како систем, а не како проект.

– Затоа што мислиме на нешто што треба да продолжи во наредните десет, 15, 20 години, ако имаме заедничка и иста цел дека треба да создадеме квалитетен кадар. И  странските инвесторири да не доаѓаат заради најевтина, туку за најквалитетна работна сила, рече Митревски.

Next Post

Заев: Со учеството во гасниот терминал „Александрополис“ директно инвестираме во Грција

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk