ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Историчарите со порака: Науката нема да се прилагодува за потребите на политиката

December 30, 2020 13:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на влијанија и историски вистини од други национални историографии. Со ваков став излезе денеска Институтот за национална историја во врска со актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на најавената средба меѓу македонските и бугарските историчари, кои на маса повторно треба да го стават прашањето за Гоце Делчев, пишува „Дојче веле“.

„Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација“, велат од највисоката македонска институција за историски проучувања која ја раководи првиот човек на македонскиот експертски тим во заедничката комисија со Бугарија, Драги Ѓорѓиев.

Осуда

Од Институтот се децидни дека историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредени исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност. Во тој контекст, сметаат тие, не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на каков било начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот.

-повеќе на темата: Пендаровски за ДВ: Историјата не се повторува, дури ни како фарса

„Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на какви било политички влијанија“, се наведува во соопштението на Институтот, кој претставува најстара научна установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните балкански народи и држави.

Нова средба

Историчарите од македонско-бугарската комисија се очекува за неколку дена, на 3 и 4 декември овојпат на онјан средби да разговараат за теми за кои не беше постигнат договор на последната средба во Скопје. Меѓу нив е и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев.

Белгискиот историчар Рејмонд Детрез во интервју за ДВ претходно изјави дека Македонците одат предалеку во обидот да се разликуваат од Бугарите, а Бугарите одат предалеку во слепото негирање на македонскиот идентитет. Белгискиот експерт за Балканот во интервју за бугарската редакција на „Дојче Веле“. вели дека тврдењето дека македонскиот јазик е едноставно дијалект на бугарскиот јазик е ненадминливо во својата апсурдност, бидејќи создавањето национален литературен или стандардизиран јазик е политички чин и затоа јазикот е секогаш „вештачки“. Според него, ниту еден литературен јазик во светот не се појавува „спонтано“ или „природно“, па по таа логика вештачки е и бугарскиот…

извор: ДВ

Next Post

Арсовски: Со одлуката за посебни наменски сметки, проектираните 27 милиони евра ќе стигнат до сите граѓани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk