ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трета година се реализира Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година

December 30, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за поддршка на печатените медиуми дизајнирана во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите во соработка со сите засегнати страни се реализира веќе трета година по ред, информираат владини служби.

Целта на програмата е да се реализираат активностите за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер.
Постапката за избор на корисниците на средствата согласно Програмата ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во којашто покрај претставници на надлежните институции, членуваат и по еден претставник на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Северна Македонија и еден претставник на Здружението на новинари.

Комисијата донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документација, согласно јасно дефинирани критериуми. Висината на одобрената поддршка е утврдена врз основа на доставените фактури за календарската 2019 година, а е дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања.

Финансиска поддршка е доделена на оние печатени медиуми кои ги имаат исполнето сите обврски кон државата и кон вработените за 2019 година. Согласно предвидениот буџет за 2020 година, на печатените медиуми на македонски јазик исплатени се средства во висина од 36,8% за направените трошоци за печатење и 36,8% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 50,8% за направените трошоци за печатење и 50,8% за трошоците за дистрибуција. Комисијата едногласно одлучи, остатокот на средствата од вкупниот буџет да ги додели на регионалните медиуми и тоа по 15.833 денари на „Зенит“, „Битолски весник“ и „Штипски глас“.

Од вкупно 14 пристигнати барања, одобрени се 11. Комисијата утврди дека сите барања имаат уредна и комплетна документација, но утврдено е дека 3 се специјализирани изданија, а основниот критериум  е корисници  на овие средства да бидат печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

На овие 11 медиумски компании, им се распределени, согласно критериумите 29.999.999 денари, од вкупно 30 милиони денари предвидени во Буџетот за 2020 година за поддршка на печатените медиуми.

Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на поддршка на квалитетното и професионално новинарство и почитување на етичките стандарди во медиумите, и остануваме отворени за изнаоѓање на транспарентно системско решение, во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите.

Next Post

Историјата не се укинува, ниту се менува со новиот концепт, вели владиниот портпарол

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk