ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борис Џонсон најави забрана за движење, затворање на училишта, ресторани и продавници

January 5, 2021 10:04
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Борис Џонсон најави повторно воведување остри мерки на територијата на Англија, вклучително и забрана за движење, со цел да се сузбие новиот вид на коронавирусот.

Новите мерки ќе траат барем до средината на февруари, иако Велика Британија го забрза процесот на вакцинација, со што стана првата земја во светот што користи вакцина од Астразенека и Универзитетот Оксфорд.

Џонсон рече дека граѓаните мора да останат дома, како што беше наредено во март, за време на првиот бран на пандемијата. Забраната за движење сега е воведена поради мутираната варијанта на вирусот што се шири многу побрзо од порано.

– Додека ви се обраќам вечерва, нашите болници се под поголем притисок од коронавирусот отколку кога почна пандемијата, рече Џонсон.

Според новите правила, што ќе стапат на сила наскоро, училиштата и колеџите ќе бидат затворени за сите ученици и студенти, освен за децата на работниците кои треба да одат на работа. Студентите нема да се вратат на колеџ најмалку до средината на февруари.

Сите продавници што не продаваат неопходни стоки, како и услугите како што се фризерите, ќе бидат затворени, додека рестораните можат да подготвуваат храна само за испорака.

Според денешните податоци, во англиските болници има 26.626 заразени со вирусот, што е раст од 30 проценти во споредба со пред една недела и 40 отсто повеќе од рекордниот број хоспитализирани во пролетта. /MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повлечена веста за смртта на глумицата: Тања Робертс е во критична состојба

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk