„Одма после Божиќните празници ќе се почне со дискусии и консултации со синдикатите, коморите, граѓанските организации и стручната јавност за да се димензионираат следните пакети мерки за помагање, а очекуваме некаде во февруари да почнеме да ги носеме следните економски мерки.“, одговори премиерот Заев на прашањето за петтиот пакет мерки, за кога да се очекува, и кога ќе стартуваат најавените економските можности од „Акција 21“.
Во однос на дебатат за легализација на канабисот, премиерот Заев ја истакна економската, социјалната и здравствената придобивка од легализацијата на канабисот.
„Пуштањето на дебата за легализација на канабисот не е „бизнис со марихуаната, туку можност за да се искористат економските ресурси и потенцијали, како за граѓаните кои ќе добијат можност да ја користат за сопствени потреби по неколку стебла, така и за економијата, отворање на социјални клубови и дефинитивно во борба против тешките дроги. Еден од ресурсите за кои се надеваме дека нашите граѓани ќе дадат поддршка во дебатата која ќе престои во наредните шест месеци.“, одговори Заев на прашање на денешната прес-конференција.
Ј. Ѓорѓиоски