ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За основни месечни потреби не се доволни две минимални плати

January 6, 2021 10:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. Така, на едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расне  што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Така, во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар. Од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци, односно ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар, веќе во ноември за подмирување на основните потреби му биле потребни 951 денар повеќе.

Од друга страна, вредноста на кошницата во ноември годинава во однос на првата пресметана и објавена вредност на минималната кошница во декември 2010 година, е повисока за 4.543 денари.

– Вредноста на синдикалната минимална кошничка која ја пресметува ССМ најдиректно покажува дека минималната плата не е доволна ниту само за храна и пијалоци, знаејќи дека најголем број на работдавачи кои исплаќаат плата во висина на минималната плата, не исплаќаат додатоци и надоместоци на плата, туку истите ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што е незаконски. Меѓутоа, исхраната и пијалоците не се единствениот трошок за нормално функционирање на едно семејство, а пресметките покажуваат дека ниту две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница која изнесува 33.742 денари во ноември 2020 година, велат од ССМ во изјава за МИА.

Оттаму посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

– Синдикалната минимална кошница ја изработуваме за оние што говорат дека не треба покачување на минималната плата за да им биде појасно дека со минимална плата работникот заработува само за леб и вода, истакнуваат од ССМ.

Ново усогласување на минималната плата се очекува во март врз основа на мислење на Економско-социјалниот совет во кој членуваат претставници на Владата, синдикатите и работодавачите.

Од 2012 година кога првпат беше исплатена минимална плата во износ од 8.050 денари досега, таа е зголемена за 6.884 денари.

Next Post

Црквите во Грција ги отворија вратите за верниците за Водици

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk