Лидерот на Тесла и Спејсекс го зазеде првото место во рангирањето откако денес скокна цената на акцијата на Тесла.
Досега првото место му припаѓаше на основачот на Амазон, Џеф Безос, кој го држеше од 2017 година.
Вредноста на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ на Маск се зголеми оваа година и во средата првпат достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари.
Тоа ја направи компанијата повредна од Тојота, Фолксваген, Хјундаи, ГМ и Форд заедно.
На веста дека станал најбогатиот човек во светот, Маск на Твитер напиша „Баш чудно“.
Во претходниот твит тој порача: „Приближно половина од моите пари се користат за решавање на проблемите на Земјата, а половина за изградба на самоодржлив град на Марс за да се обезбеди продолжување на животот во случај Земјата да ја погоди метеор како во ерата на диносаурусите или да избувне Трета светска војна па сами себеси да се уништиме“.
Извор: МКД.МК