Голем број лидери од целиот свет се вклучија на Твитер ова попладне за да ја осудат насилната толпа која изврши упад во американскиот Капитол во Вашингтон.
Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг:
Шокантни сцени во Вашингтон. Резултатите од овие демократски избори мора да бидат испочитувани.
Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли:
Длабоко загрижувачки сцени од американскиот Капитол вечерва. Демократските гласови мора да се испочитуваат. Сигурни сме дека САД ќе обезбедат правилата на демократија да бидат заштитени.
Премиерката на Норвешка Ерна Солберг:
Неверојатни сцени од Вашингтон. Ова е сосем неприфатлив напад врз демократијата. Тешка одговорност се наоѓа во рацете на претседателот Трамп да стави крај на ова.