Членовите на американскиот Конгрес утрово ја потврдија победата на кандидатот на Демократската партија Џо Бајден на претседателските избори, откако ги отфрлија сите приговори.
По објавувањето на резултатите од сите 50 сојузни држави и Дистриктот Колумбија, Бајден доби 306 електорски гласови, со што официјално е потврдена неговата победа. За Трамп гласаа 232 електори.
Трамп веќе нема средства да ги оспорува изборите, освен неверојатно Врховниот суд да ги разгледа неговите неосновани обвинувања за широка измама.
Во меѓувреме, се очекува демократот Џон Ософ да победи во вториот круг од изборите за Сенатот. Со неговата победа, демократите сега ќе имаат контрола врз Горниот дом на Конгресот на САД. Демократот од Џорџија, Рафаел Ворнок вчера прогласи победа о освои едно од двете места во американскиот Сенатот. Ако демократите ги освојат двете места, тогаш двете партии ќе имаат по 50 места и во тој случај одлучувачкиот глас е на претседавачот со Сенатот, а во овој случај е потпретседателката на САД, Камала Харис. Насилствата почнаа по обрајќањето на Трамп пред насобраниот народ во кое повтори дека изборите се украдени.
Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме. Ќе ја запреме кражбата, рече Трамп.
По неговиот говор демонстрантите се судрија со полицијата и упадна во Конгресот поради што пратениците мора да бидат евакуирани. Во синожешните протести загинаа четири лица, 53 се приведени, а поголем број се повредени.
Можно отповикување на Трамп
По потврдувањето на победата на Бајден од страна на Конгресот се огласи и Трамп кој најави транзиција на власта според прописите.
– Иако воопшто не сум согласен со исходот од изборите и фактот дека ме поддржуваат, сепак ќе има уредна транзиција на 20 јанури, истакна Трамп. Тој додаде дека секогаш зборувал дека ќе продолжи борбата за да се осигура дека се бројат само легални гласови.
– Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во прретседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба за Америка повтрорно да ја направиме голема, посочи Трамп. Поголемиот број светски лидери, медиуми и експерти како директен виновник за вчерашното насилство во Вашингтон, при што загинаа четири лица, го обвинија Трамп. Поради вчерашните насилни протести можно е Трамп да биде отповикан 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Бајден.
Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Трамп.
– Не можеме да дозволиме да остане на функција зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер.
Директорот на големата американска бизнис група, во која членуваат 14.000 компании, меѓу кои и Ексон мобал, Фајзер, Тојота мотор корпорејшн, Џеј Тимонс упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.
Тимонс побара потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25 амандман поради зачувување на демократијата.
Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај ако претседателот ги отфрли таквите тврдања, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател.
И покрај тоа што ситуацијата во Вашингтон е смирена, градоначалничката Муријел Баусер ја продолжи вонредната состојба до 21 јануари односно еден ден по инаугурацијата Бајден. Во Вашингтон ќе бидат распорееедени и припшадниците на Националната гарда.
Трамп со недели тврдеше дека изборите се украдени и одбиваше да ги признае изборните резултати.
– Статистички е невозможно да сме ги изгубиле изборите. Голем протест во Вашингтон на 6 јануари. Бидете таму, бидете диви, напиша Трамп на Твитер на 20 декември.
Илјадници луѓе вчера се одѕваа на повикот на Трамп, а тој уште еднаш ги повика да се борат.
– Никогаш нема да се откажеме, никогаш нема да го признаеме поразот, изјави вчера Трамп пред приврзаниците, по што тие упаднаа во Конгресот и ја прекинаа седницата на која требаше да биде верификувана победата на новоизбраниот претседател Бајден.
Осуди и шокираност
Упадот во Конгресот го осудија голем број лидери. Меѓу првите, уште синоќа се огласи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, кој оцени дека тоа е „невиден напад врз американската демократија“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е шокиран од сцените во Вашингтон и дека резултатот од изборите мора да се почитува.
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и шпанскиот премиер Педро Санчез наведоа дека веруваат дека американската демократија ќе ги надмине тензиите.
Претседателот на Франција, Еманнуел Макрон побара „да не се попушта пред насилството на неколкумина“, при тоа потенцирајќи оти тоа што синоќа се слуќуваше во Вашингтон „дефинитивно не е американски“.
– Веруваме во силата на нашите демократии. Веруваме во силата на американската демократија, истакна Макрон и објави хаштаг „Ние сме едно“.
Додека германската канцеларка Ангела Меркел за вчерашното насилство во Вашингтон го обвини Трамп и неговото непризнавање на резултатите од изборите.
– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера, истакна Меркел.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го осуди насилството во Вашингтонн и повика да се почитуваат демократските процеси во САД.
– Најостро го осудуваме криминалното однесување на приврзаниците на Трамп и се залагаме за смиреност додека американските демократски институции ја вршат својата работа, се навеедува во соопштението на ОБСЕ.
Насилството во Вашингтон го осудија и австрискиот канцелар Себастијан Курц, израелскиот и канадскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Џастин Трудо.
Немирите во Вашингтон ги осудија и поранешните претседатели на САД, Џорџ В. Буш и Барак Обама.
Така се оспоруваат изборните резултати во банана републики, а не во нашата демократска република, наведе Буш.
Додека Обама истакна дека демонстрантите биле поттикнати од Трамп да упаднат во Конгресот.
– Историјата со право ќе се сеќава на насилствата во Капитол, кое е поттикнато од актуелниот претседател, кој продолжува неосновано да лаже за исходот од изборите, како момент на голема срамота за нашата земја, истакна синоќа Обама.
„Демократијата под опсада“
И поголем број од светските медиуми го осудија насилството во Вашингтон и го посочија Трамп како главен виновник, бидејќи подолг период ги охрабрувал демонстрантите.
Британскиот весник „Тајмс“ на насловната страна објави дека „Приврзаниците на Трамп упаднале во срцето на американската демократија, додека „Дејли телеграф“ под наслов „Демократијата под опсада“ ги опиша „насилните сцени и хаосот без преседан“ во Вашингтон, а демонстрантите кои упаднаа во Конгресот ги нарече „орди“.
„Гардијан“ вчерашните настани во Вашингтон ги оцени како „најдраматичен предизвик за американскиот демократски систем од граѓанската војна“.
Додека дописникот на Германскиот весник „Ди Велт“ од Вашингтон, Клеменс Вергин истакна дека „САД го доживеа својот прв обид за насилен пуч“.
– Претседателот, неговите лаги и републиканците безрбетници се политички одговорни за тоа, наведе Вергин.
Италијанскиот весник „Ла Република“ го спореди Трамп со италијанскиот диктатор Бенито Мусолини и неговото доаѓање на власт во 20-тите години од минатиот век.
Бразилскиот весник „О Глобо“ оцени дека „САД падна на нивото на латиноамериканските држави“.
Додека египетскиот весник „Ал Ахрам“ вчерашните настани ги оцени како „смрт на американската слобода и пропаѓање на вредностите што САД неуморно се обидуваат да ги извезат низ целиот свет и кои ги користат како причина да се мешаат во работите на другите држави“.
Кинескиот весник „Глобал тајмс“ на Твитер објави фотографии од протестите во Хонг Конг, кога демонстрантите го окупираа Законодавниот совет на Хонг Конг во јули 2019 година и од вчерашните немири во Вашинготн. Весникот наведе дека претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси еднаш за протестите во Хонг Конг изјавила дека се „убава гледтка“.
– Останува да видиме дали истото ќе го каже за неодамнешните настани на Капитол хил, посочува „Глобал тајмс“.
Додека социјалните мрежи Твитер и Фејсбук синоќа избришаа објави на Трамп во кои тој се обраќа до демонстрантите да се „вратат дома“, но повторува дека изборите се уракдени.
Твитер синоќа на 12 часа го бликира профилот на Трамп, додека Фејсбук го заклучи неговиот профил на 24 часа.
Пандемијата главен предизвик за новиот претседател на САД
Бајден ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Тој со децении се обидуваше да стане претседател. Тој се кандидираше за Белата куќа во 1988 и 2008 година и размислуваше да се кандидира во 1984 и 2016 година.
Бајден е избран во Сенатот во 1972 година на 29-годишна возраст, и е 36 години во Конгресот. Тој беше претседател на Комисии за судство и за надворешни односи пред да стане потпретседател на Барак Обама во 2009 година.
Тој се приклучи на трката во април 2019 година, и како што тогаш наведе „од чувството на обврска да го отстрани Трамп од власт“.
За време на неговата кандидатура, Бајден беше критикуван дека е премногу умерен или премногу стар.
Бајден наследува пандемија што Трамп практично ја игнорираше во изминатите два месеци водеше правна и политичка кампања за поништување на изборните резултати.
Првиот тест на новиот претседател ќе биде поефикасна дистрибуција и испорака на вакцини против Ковид-19, откако администрацијата на Трамп е далеку од постигнување на целта за вакцинирање на 20 милиони Американци до крајот на годината.
Новиот претседател вети дека ќе воведе нов предлог-закон за стимулирање наскоро по преземањето на функцијата, што ќе вклучува милијарди долари трошоци за дистрибуција на вакцините и безбедно ќе ги отвори училиштата во првите 100 дена на неговиот мандат. Неговиот тим гради целосен федерален одговор на пандемијата, што вклучува дистрибуција на вакцините, опрема за лична заштита и економска помош.