2020-та сигурно беше една од најчудните години. Чудна во секој поглед, па и во поглед на сексуалните животи. Веќе ништо не е исто – па дури ниту сексот. Каков ќе биде сексот во 2021-ва и што предвидуваат сексолозите?
Мастурбацијата како љубов и нега кон себе
„Со сите тие дождливи, мрачни денови и карантини и физичка дистанца од другите луѓе, задоволството секој ќе го преземе во свои раце и така ќе се зголеми актуелноста на мастурбацијата“, вели Морган.
Ова ќе биде најбезбедната форма на сексуално задоволство. Повеќе нема да има потреба од глума, а оргазмите позитивно ќе влијаат врз вашиот имун систем.
Користење на секс играчки
Секс играчки ќе се купуваат повеќе од кога било, затоа што многу парови се затворени долго дома и веќе им е здодеано од сѐ.
Многумина дури за првпат токму годинава ќе одлучат да експериментираат со секс играчки за да ја разбијат монотонијата.
Виртуелни предигри и онлајн „секс“ состаноци
„Во 2021 отвореноста кон онлајн загревање на ситуацијата и задоволување без да излезете од дома ќе се засили“, вели Морган. И тие што претходно биле против ова, сега ќе се одлучат да експериментираат на ваков начин.
Ова ќе биде новото нормално, кое започна во 2020, а ќе трае и во 2021.