По нередите во Капитол Хил, Трамп вчера во видеообраќање го призна поразот велејќи дека наскоро ќе дојде нова администрација, а ги осуди и насилствата со порака дека оние кои ги прекршиле законите ќе платат.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој за помалку од две недели треба да ја напушти функцијата, нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, Џо Бајден, на 20 јануари.
„За сите кои прашаа, нема да присуствувам на инаугурацијата на 20 јануари“, објави Трамп на Твитер.