ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бидете прецизни – времето е пари!

January 9, 2021 14:16
in LIFESTYLE, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Без разлика дали имате интервју за работа, тоа ви е првиот работен ден или е сабота и излегувате со пријателите, вие треба да се појавите навреме на договореното место. Доцнењето не само што остава многу лош впечаток, а и ги нервира оние што чекаат.

За да пристигате секогаш навреме, потребно е да знаете да го менаџирате своето време. Еве неколку совети, кои што ќе ви помогнат да се откажете од лошата навика да доцните и ефективно да го планирате своето време.
За да бидете точни, додавајте 25% повеќе кон вашето планирано време.

Признајте си дека имате проблем со доцнењето. Луѓето кои не гледаат на доцнењето како на проблем, никогаш нема да бидат точни. Како и за другите проблеми, за да го решите проблемот со доцнењето, прво е потребно да признаете дека го имате.

Планирајте го времето. Секој човек знае отприлика колку време му треба за да се подготви. Ако посветувате многу време на вашиот изглед, станувајте порано. Секогаш знајте ја локацијата на која треба да пристигнете, за да можете точно да си испланирате колку време ќе ви одземе да стигнете до таму.

Испланирајте си и дополнително време. Секогаш додавајте 25% повеќе кон вашето планирано време, за да бидете точни. Многу често работите не се случуваат по план, а вака вие секогаш ќе имате дополнително време, за да се извлечете во непредвидена ситуација.

Подгответе се колку што можете повеќе вечерта. Ако станувањето наутро ви е голем проблем, најдобро е да се подготвите колку што можете повеќе претходната вечер. Изберете каква облека ќе носите и подгответе ја уште вечерта. Чантата, клучевите и сè што секојдневно носите со вас, оставете го на едно место.

Легнувајте си порано. Така полесно ќе можете да се разбудите наутро и ќе имате доволно време за да ги исполните сите обврски.

Во секое време треба да знаете колку е часот. Во секој момент додека се подготвувате треба да знаете уште колку време ви преостанува. Каде и да одите, со вас имајте или часовник или мобилен.

Имајте потсетник. Дали ќе го употребите мобилниот телефон, компјутерот или обичен бележник не е важно, важно е да добиете потсетување за важните настани, на кои не треба никогаш да доцните.

Бидете организирани. Неорганизираноста се поврзува со доцнењето. Ако не сте организирани и во последен момент се обидувате да ги најдете работите кои ви се потребни, секогаш ќе губите скапоцено време и ќе доцните.

Некои луѓе го местат својот часовник 15 минути порано, за да го избегнат доцнењето. Кај други пак оваа тактика не дава резултати, затоа што секогаш мислат дека имаат повеќе време. Можете да бидете инвентивни и да си измислите свои тактики, со помош на кои ќе бидете секогаш точни. Правилно организирајте си го времето, затоа што како што кажал Бенџамин Френклин: „Времето е пари!

Next Post

Како да се справите со мобинг на работа или со "лошиот" шеф?

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk