Ова е рецепт кој ќе им се допадне на сите на кои им недостасува вкусот на џин, но и на оние кои внимаваат на линијата и исхраната.
Во овој варен џин нема шеќер, туку само се засладува со мед и зачини.
Заменете го традиционалното греано вино со нешто поинакво овие празници.
Рецепт за варен џин
Состојки (за една доза, односно една чаша):
25ml џин
200ml сок од јаболка
Лажичка мед
Слатки зачини – цимет, ванила, ѓумбир…
Подготовка:
Загрејте го сокот од јаболката заедно со лажичка мед и додадете ги сите зачини кои ги одбравте.
Кога течноста ќе зоврие, тргнете од оган.
Во течноста додадете го џинот сосема на крај.
Ако имте свежо јаболко, исечкајте неколку парчиња и ставете во чашата. Зачинете со стапче цимет. Може да додадете и парче лимон.