Арнолд Шварценегер упати остри критики до Доналд Трамп и ги спореди немирите во Капитол со “Кристалнахт” или ноќта на скршеното стакло во видео говор што го одржа во неделата. Акционата sвезда / поранешниот гувернер на Калифорнија остро го критикува Трамп и нападите врз Капитол.
„Јас пораснав во Австрија. Јас сум многу свесен за Кристалнахт, или „Ноќта на скршено стакло“. Тоа беше ноќ на дивеење против Евреите во 1983 година од страна на нацистичкиот еквивалент на Гордите момчиња(Proud boys) “, рече Шварценегер.
„Средата беше Ден на скршено стакло токму тука, во САД. Скршеното стакло беа прозорците на Капитол во Соединетите држави. Но, толпата не ги разби прозорците на Капитол. Тие ги разбија идеите што ги земавме здраво за готово. Тие ги кршеа вратите од зградата во која се наоѓаше американската демократија; и ги погазија самите принципи на кои е основана нашата нација “.
Шварценегер, чија расправија со Трамп датира од кога тој го презеде „Чирак“ ,тогаш го обвини Трамп за разгорување на расизмот и антисемитизмот, како и за обидите на Трамп да ги преврти изборите и да ги поттикне неговите следбеници на насилство.