Во своето интервју на Топ Тема, министерот Бујар Османи зборуваше за актуелните случувања на тема надворешна политика, за нашите односи и ставови во поглед на Република Букарија, за Акцискиот план како и за улогата на господинот Бучковски.
“Акцискиот план го предложив на првата моја посета во Софија како начин да се воспостави една прецизна агенда,за да потоа го предложиме како конкретен план на задачи и активности и откако направивме една внатрешна координација со сите министерства за сите проекти којшто се во тек или пак се заклучени или пак се планираат и бевме договорени дека Република Бугарија ќе одговори на тој акциски план, јас имав комуникација минатата недела со МНР Захариева и бев во очекување на нивниот одговор… можеби пред саат време го добивме како одговор, всушност нивно гледање на нашиот акциски план односно размена на идеи по однос на тој план” – изјави во своето интервју министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Во наредните денови ќе треба да го разгледаме внимателно да видиме што од тоа може да се реализира што може да биде спорно, појасна позиција ќе имаме откако ќе го разгледаме, се работи за одговор на нашиот акциски план.“ – додаде министерот Османи.
Што се однесува до улогата на г. Бучковски, министерот Бујар Османи посочи:
„Улогата на г.Бучковски е да има постојана комуникација со Рeпублика Бугарија, така што не се случува ништо невообичаено од тоа што е опис на неговата работна позиција, така што тој ќе има бројни и постојани патувања кон Софија и назад. Ова беше првата посета…бидејќи улогата ќе токму во следењето на акцискиот план.“ – изјави министерот во своето гостување на Телма телевизија.