На денешната седница на Владата на предлог на владината Комисија за именување, донесени се неколку кадровски решенија, информираат од Владата на Република Северна Македонија.
„Горан Сугаревски се именува за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија. Кети Василеска, е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација. Зулфикар Зејнулаи, се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување.“, стои во информацијата од Владата
Владата го разгледала предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален Парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на Установата по поднесена оставка поради извршување на друга функција и го разреши од должноста директор, на негово барање, и за вршител на должност директор на установата го именуваше Александар Миљовски.
На Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски
Владата донесе одлука да упати препорака до УО на „ЈП Студенчица“ да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.