ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Германска донација на возила и опрема за граничната полиција

January 13, 2021 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и две возила, техничка опрема за присилно запирање на возила, за напредна проверка на документи, термални камери, батериски лампи, светлички стопалки, чизми и флуоресценти елеци донираше денеска Германија за потребите на граничната полиција во Министерството за внатрешни работи. Возилата се во вредност од околу 370 илјади евра, а вредноста на техничката опрема изнесува 290 илјади евра. Вкупна вредност на донацијата е околу 660 илјади евра.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на денешното примопредавање на опремата посочи дека поддршката на македонската гранична полиција е важна за Германија.  Според неа, заедничкиот менаџмент на миграцијата во Европа е незаменлив за постигнување на натамошни успеси.

– Германија многу ја цени поддршката на македонските служби во справувањето со миграциските текови на балканската рута. Затоа ми причинува задоволство што на Македонија со оваа помош во опрема може да и се оддаде благодарност. Вашата работа сведочи за голема свест за одговорност и професионалност, изјави амбасадорката.

Таа додаде дека македонските служби во 2020 година консеквентно и успешно се справиле со групи на криумчари и се надева дека овие успеси ќе продолжат во 2021.

– Колку ни е важна вашата работа и блиската соработка со вас покажува тоа што од летото 2020 имаме офицер за врска за граничната полиција во Германската амбасада во Скопје. Од тогаш соработката тече директно на лице место, а не преку нашиот офицер за врска во Белград кому овде сакам срдечно да му се заблагодарам за неговата досегашна работа, додаде Холштајн.

Таа појасни дека високо ја цени оваа форма на билатерална соработка и се надева дека овие мерки повторно ќе можат да се одржат во 2021.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното примопредавање на донацијата изјави дека силно партнерство и искрена соработка ги отсликува односите меѓу Северна Македонија и Германија, тие продолжуваат и понатаму на сите нивоа.

– Неспорен е фактот дека од осамостојувањето на нашата земја до денес Сојзуна Република Германија беше и останува наш доследен поддржувач и партнер давајќи огромен приодонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество подготвено да стане рамноправен член на евроатлантските пријатели, изјави Спасовски.

Оваа помош, како што посочи Спасовски, е повеќе од дорбедојдена, но како што рече, она што е уште поважно и суштинско е фактот дека Германија останува вреден и исклучително значаен партнер, близок соработник на државата на патот кон рамноправно членство во Европската Унија.

/МИА/
Next Post

Одрон на патот Кочани – Македонска Каменица, сообраќајот се пренасочува

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk