ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрадули ветува нов начин на функционирање на националната Пошта

January 13, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2021 година сакаме да одговориме на предизвиците и барањата на граѓаните преку повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата, зголемување на работното време и начинот на кој ќе бидат отворени шалтерите во Пошта, како и преку брзо започнување со електронска трговија кое е наша голема обврска кон граѓаните, особено во време на Ковид-19, истакна генералниот директор на „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули во обраќање пред вработените.

Наведе дека е зголемен бројот на испорачани пакети преку Пошта на РСМ во Скопје во текот на минатиот месец, но и оти има пратки што доцнат, што не се испорачуваат, како и дека граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените.

-Изминативе триесет дена откако „Пошта на Северна Македонија“ целосно се отвори кон медиумите и е постојано присутна на социјалните мрежи, пристигнаа повеќе од 1.000 коментари од страна на граѓаните. Ме радува што две третини се коментари кои ни даваат поддршка и ја гледаат разликата во новата работа, а потврда за тоа е и зголемениот број на испорачани пакети во Скопје во текот на декември 2020 година. Но, мора да покажеме дека можеме да се менуваме!, порача Макрадули.

Тој истакна дека секој со својот личен ангажман и вршење на зададените работни задачи мора да придонесе да се врати Пошта таму кај што припаѓа – меѓу граѓаните.

-Ја враќаме Пошта кон граѓаните бидејќи токму тие ни даваат плата бидејќи избираат да ги користат нашите услуги. Затоа мора да бидеме отворени и одговорни, но и да слушаме и исполнуваме. Сакам да нагласам дека особено ги слушаме критиките. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека, за жал, има пратки што доцнат, пратки што не се испорачуваат, граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените!, потенцираше Макрадули.

Затоа, посочи тој, во Пошта секој треба да биде подготвен за пофалби, но првенствено да преземе конкретни решенија за овие критики, почнувајќи од него како генерален директор, членовите на Управниот одбор, па сè до пошторазнесувачот или шалтерскиот работник.

Next Post

Бочварски: Ќе постапуваме по препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk