ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Министерство за култура: Одржана е конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО

January 15, 2021 19:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Националната комисја за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска ја одржа конститутивната седница, на платформата Зум.

По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура, Ирена Стефоска.

Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите кои се поврзани со светската организација.

Министерката Стефоска ги информираше членовите  за начините на остварување на соработката со УНЕСКО на Националата комисија и координација со ресорните органи, институции, организации со Секретаријатот на Националната комисија. Беа посочени и приоритетите на Северна Македонија пред следната Годишна конференција на светската организација, а кои се однесуваат на потребата за зајакнување на соработката на нашата земја со УНЕСКО во сите програмски области и на сите нивоа (комитети, одбори и сл.) и поголемо учество на младите во активностите на организацијата.

Комисијата беше информирана и за поднесената апликација за поставување на црквата Св.Ѓорги во Курбиново на тентативната (пробна) листа на УНЕСКО. Ова е прва апликација за запишување на листата за светско културно и природно добро од нашата земја до УНЕСКО по 1978 година, кога Охридскиот регион бил впишан на оваа листа.

Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.

На следната седница Националната комисија ќе го разгледа Извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот за спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на неговата 43 сесија (Баку, Азербеџан, 2019), како и финалниот извештај по Реактивната мисија во Охридскиот регион кој ќе биде официјализиран на почетокот на февруари.

Next Post

Режисерот Бонг Јон-хо дел од жирито на филмскиот фестивал во Венеција

НАЈНОВО

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

November 20, 2025

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

November 20, 2025

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

November 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мис Јамајка падна од сцената на Мис Универзум, ја изнесуваа на носилки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кевин Спејси по седум години од скандалите: Немам приходи, бескуќник сум, живеам по хотели, по Airbnb станови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Ждреб за плејофот за пласман на СП 2026, македонската репрезентација во четвртиот „шешир“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk