ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиерно во Штип: „Пасивно пушење” утре на штиците што живот значат

January 15, 2021 18:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Пасивно пушење” од Небојша Ромчевиќ, во режија на Ненад Витанов, утре во 15 часот ќе биде премиерно изведена во Народниот театар Штип. Комедијата за Македонец кој заглавува на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз заради кутија со сарми, ќе може да ја видат само 35 гледачи со заштитни маски, во сала со 182 седишта.

Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов” – Штип, Кате Мишева рече дека претставата е од ланскиот репертоар, премиерно била одиграна, но не пред публика. Утре ќе имаат публика по пауза од неколку месеци.

– На моите актери им недостасува публиката, тие се постојано на работа, спремаат претстави, но поради пандемијата публиката не може да го види она што го работат на сцената. Се надевам дека ова наскоро ќе заврши, па ќе се вратиме и во нормала, истакна  Мишева.

Режисерот Витанов рече дека „Пасивно пушење” е комедија која ќе ја насмее публиката, а посочи дека во услови на пандемија вработените во државните културни институции немаат проблеми од финансиски или креативен карактер, но тешко е да се работи без публика. Прашан за поставувањето на претставите на интернет-платформите, Витанов одговори дека тетарот и сите изведувачки дејности се случуваат во живо.

– Луѓето плаќаат влезница за да се социјализираат. Театарот никако не може да го замени филмот, ниту филмот може да го замени театарот. Уште пред доаѓањето на филмот пред сто и нешто години, сите мислеа дека театарот, операта, балетот ќе изумрат, но не изумреа. Изведувањето во живо, човек пред човек, е нешто незаменливо и тоа не може да го замени ниту една интернет-платформа, ниту видео, ниту јутјуб, 3Д снимено… Тоа не го заменува она што се случува во живо, во моментот, човек со човек,  истакна Витанов.

Актерите Владимир Тулиев, Пеце Ристевски и Миле Вратеовски ја поканија публиката да доаѓа на претставите кои ќе бидат на репортаорот и ќе се  играат согласно здравствените протоколи и се надеваат дека наскоро, со имунизацијата, широко ќе се отворат вратите на театарот.

Во претставата играат и Кристина Атанасова-Арсова и Марија Минчева-Андонова, Сценографијата е на Филип Витанов, а драматург е Габриела Тулиева.

 

извор слободенпечат.мк
Next Post

Маричиќ: Подготвени сме за модерен попис – политиката подалеку од статистичката операција

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk