Со секој потег, Џенифер Лопез докажува дека е неуморна и дека ништо не може да ја запре во остварувањето на целите.
Една од тајните состојки во нејзините производи за убавина JLo Beauty е екстрактот од маслинка, за кој таа научила уште како девојче од своите мајка и баба.
„Некои од нас имаа посува коса и земаа шишенце маслиново масло и си ставаа на косата. Потоа, си капнуваа на лицето и следниот ден изгледаа како да се во 10-тите години од животот. Дури кога започнав да работам во шоу-бизнисот и кога ми лепеа нешта на главата и ме дуваа со вентилатор во лицето на филмските сетови, јас ќе се вратев дома и се измивав со него“ – објаснила Лопез.
извор фемина.мк