ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сите засегнати страни ќе бидат вклучени во изработката на Предлог-законот за минерални суровини

January 18, 2021 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За нас е најважно сите засегнати страни да бидат вклучени во изработката на новиот  Предлог-закон за минерални суровини зашто на таков начин мислам дека може да имаме подобар текст кој ќе биде применлив и воедно да ја заштитиме животната средина во нашата држава, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Имајќи во предвид дека во време на пандемија не можевме да одржуваме јавни расправи, одлучивме да го повлечеме претходно предложеното законско решение и уште еднаш да ги разгледаме сите измени кои се предвидени во Предлог-законот за минерални суровини. Во изработката на новиот предлог ќе биде вклучена Македонската асоцијација на рударство и невладините организации на полето на заштита на животната средина кои се заинтересирани да придонесат за подобар текст за законското решение. Откако ќе имаме усогласен текст, повторно ќе го усвоиме на седница на Влада и ќе го пратиме до Собранието, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Прашан зошто инспекторите на Министерството за економија не извршат увид во Средно Коњаре каде експлоатацијата на песок по течението на Пчиња предизвикува еколошка катастрофа, Бектеши рече дека точно во таа насока биле предложените измени на законот што се повлечени од собраниска процедура.

-Секторот за минерални суровини во склоп  на Министерството за економија одржа неколку состаноци со луѓето кои ги претставуваат населените места каде се дадени концесиите за ископ на песок, но надлежните инспектори се вработени во Инспекторатот за техничка инспекција, а не во Министерството. Како Министерство во неколку наврати сме побарале да се направи дополнителен увид од страна на инспекторите и сме добиле мислење дека сите концесионери на тој локалитет работат согласно договорите кои ги склучиле пред неколку години, рече Бектеши и додаде дека Министерството за економија не дава концесии кои се во речните корита, туку АД за водостопанство.

Токму, потенцира, и измените на Законот за минерални суровини што беа предложени па повлечени од собраниска процедура беа во насока и Владата да презема соодветни мерки ако има детални аргументи од страна на населените места.

-Согласно постојното решение во Законот за минерални сировини и концесии, Министерството  за економија и Владата мора да имаат извештај од страна на инспекциите за да може да одземаат концесии. Без да има таков извештај Владата нема законско право да одзема концесии, посочи Бектеши.

 

/МИА/
Next Post

Канцеларијата на ОН за човекови права бара ослободување на Навални

НАЈНОВО

куче

Во Италија има повеќе миленици отколку новороденчиња – демографската криза станува алармантна

November 15, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

November 15, 2025

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk