ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: До изборите во Бугарија фокус на Акцискиот план, потоа ќе прибегнеме кон преговори на политички основи

January 18, 2021 11:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одоговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, по рочиштето за судскиот спор меѓу него Зоран Божиновски, кого премиерот го тужи за клевета, кој додаде дека за содржината на информацијата треба да се прашаат ресорните министри.

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците од таа Комисија ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе предвид тие да немаат други работни обврски во Парламентот.

-Процесот на официјални преговори заврши, јас  верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а  веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но можеме да работиме на Акциониот план, инфрастурктурата, споротот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обрвски, кои се на двете страни со цел да го јакнеме пријателтвото меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, нагласи Заев.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за МИА откри дека најверојатно оваа недела нашиот Акциски план и бугарскиот одговор на него ќе се најдат пред собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика.

Акцискиот план, кој ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават“ атмосферата во наредниве месеци, нагласи Пендаровски во интервју за МИА.

Според него, одговорот на Софија на нашиот предлог Акциски план не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори.

– Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции… Меѓутоа, одговорот што го видов од бугарска страна на нашиот Акциски план практично не одговара на еден дел од нашите барања. Има и за тоа, меѓутоа, повторно во тоа вметнувате што вие мислите за идентитетските белези на македонската нација. Ние тоа не го бараме. Не го спомнуваме во Акцискиот план, бидејќи тоа е надвор од какви било преговори. Ви реков, можеме секоја друга област да ја зборуваме, не смееме и нема да зборуваме сигурно за тоа кои сме, што сме, додава шефот на државата.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Моите чувства се повредени, очекував извинување од Божиновски

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk