ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН за средбата на Царовска со претставници на МАНУ: Реформите се неопходни ако сакаме подобри резултати

January 22, 2021 11:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Министерството за образование и наука соопшти дека дебата за предложените реформи во основно образование денеска  е организирана со  академици од Одделението за општествени науки на Македонската академија на науките и уметности (МАНУ), на која присуствуваа министерката за образование и наука и заменикот, Мила Царовска и Арафат Шабани, членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието.

Главни теми во дискусијата, за кои МОН наведува дека се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки, се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како и претстојните обуки на наставниците.

– Го имаме најтранспарентниот процес досега. Од големо значење е и мислењето на академиците коишто доаѓаат токму од Одделението за општествени науки за предвидената интеграција на предмети за поефикасно учење кое треба да ги подобри резултатите. Добивме многу конструктивни коментари, особено од наставници од пракса во изминатиот период, но и од други засегнати страни кои ќе бидат земени предвид, рече Царовска.

Како што информира МОН, министерката посочи дека досегашните резултати од меѓународните и домашните тестирања покажуваат функционална неписменост кај ученици.

– Сите меѓународни и домашни извештаи и анализи упатуваат дека се потребни реформи со кои нашиот образован модел ќе се прилагоди на оној во земјите со современи образовни системи. Тоа укажува дека ни се нужни неодложни реформи во основното образование, ако навистина се грижиме за идните генерации и сакаме да фатиме чекор со современиот свет. На нашите деца им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот, рече Царовска на средбата.

Откако ќе биде донесена, планот е концепцијата да се имплементира постепено во период од шест години, почнувајќи во прво и четврто одделение од идната учебна година.

-За успешно спроведување на целиот процес, МОН и Бирото за развој на образование се обврзуваат дека реформата ќе ја дочекаат подготвени и ќе се направи максимум наставниците да ја поминат потребната обука, соопшти Министерство за образование и наука.

Најави дека и во наредниот период со различни групи засегнати страни ќе продожат консултациите за концепцијата  за основно образование, која е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма.

– Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите и учениците, додава МОН во соопштението.

 

/МИА/
Next Post

Три домашни изведувачи номинирани за музичките награди „ХЕМИ”

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk