ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓоргиев: Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име

January 23, 2021 22:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија, ниту пак дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата. На вчерашната средба беше постигнато техничко решение со кое одредени проблеми беа надминати при што секоја страна остана на своите ставови и позиции во контекст на проблематичните прашања во содржината на записниците. Би сакале да испратиме повик до новинар(к)ите да известуваат одговорно и професионално за теми кои се важни за интересите на македонската држава.“, стои во денешното соопштение од македонската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува шефот на македонскиот тим историчари, професорот Драги Ѓоргиев.

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е направен на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

Следната средба, која ќе биде во полн состав и на која ќе се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, е закажана за 25 и 26 февруари.

Next Post

Бочварски: Ќе ја изградиме пругата кон Бугарија вредна 600 милиони евра

НАЈНОВО

Автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм, има загинати

November 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

November 14, 2025

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk