ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше Проески

January 25, 2021 08:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Организцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв, посочуваат организаторите.

При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.

Македонската и регионална поп-икона Тоше Проески животот го загуби на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Замина прерано на 26-годишна возраст, на врвот од неговата музичка слава. 

Покрај по ангелсиот глас беше познат и по неговата хуманост и подготвеност да помогне. Неговиот последен концерт и еден во низата хуманитарни концерти го одржа на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје, а беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

„Игри без граници“, беше последниот албум на Тоше, а постхумно на 25 јануари 2009 година, на денот на неговиот роденден официјално излезе и албумот The Hardest Thing.

Издавачката куќа Hit records која за хрватскиот пазар го објави овој албум и уште неколку други албуми на Тоше, соопшти дека „Igra bez granica“ во Хрватска достигна платинест тираж, со продадени 50.000 копии.

– Тоше Проески на 25 јануари ќе го славеше својот 40. роденден. Прерано нѐ напушти на само 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога и денес ќе погледнеме, сфаќаме колку бил талентиран. Голем човек и хуманист, е само мал дел од сето она што беше Тоше, а нема човек во регионот кој за него немаше зборови за пофалба, велат од загребската издавачка куќа.

Во чест на Тоше вчера во Загреб, ден пред неговиот 40-ти роденден, се одржа молитва.

Next Post

Вицепремиерот Димитров и министерот Османи во Брисел

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk