ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прва зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

January 25, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почна со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку зум платформата.

Пред 50-тината семинаристи, како што соопштија од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, свои пригодни видео-обраќања имаа претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Учесниците на Првата зимска школа ги поздравија и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

– Чувствуваме пиетет/почит на овој начин да му се оддолжиме на професорот, но и ректорот, Блаже Конески кој ете имал свој влог и учество во покренувањето и обмислувањето на тогаш т.н. Семинар за македонски јазик во далечната 1967 година. Зборовите на Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“ нè обврзуваат, нагласи ректорот на УКИМ, Јанкуловски.

Мојсова-Чепишевска рече дека во втората статија „Има ли потреба за македонски национални научно-литературни другарства?“ од култната книга „За македонските работи“, Крсте Петков Мисирков причините за одделувањето на Македонците во македонско друштво ги наоѓа во „употребувањето на нашите умствени сили за изучувањето на себеси, како членови на една татковина и еден народ“.

– Затоа, вели Мисирков „За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење, а такви лица сме ние Македонците“. Значи потребата од вакви другарства (било) е  заради изучување на Македонија, а тоа значи изучување на нејзиниот јазик, литература, култура, историја. Впрочем, ние на овој Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура можеме да гледаме и како на еден природен наследник на ова другарство за кое се залагал Мисирков. Значи тоа што како идеја започнала да живее на почетокот на 20.век вистински се реализирала во средината или поточно во 1967 и еве трае и трае нешто повеќе од 50 години. А во оваа јубилејна 2021, кога се навршуваат точно 100 години од раѓањето на Блаже Конески, му се оддолжуваме со првата зимска школа во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, истакна Мојсова-Чепишевска.

На оваа прва зимска школа учествуваат 50 семинаристи од 16 земји кои од денеска до 5 февруари имаат можност да проследат 40 часа квалитетна лекторска настава. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато, кое, пак, ги има и своите поднивоа, за јазик, литература и преведување). Наставата ја изведуваат лекторите (предавачи и професори) со долгогодишно искуство: Борче Арсов и Биљана Стојановска (за почетно ниво), Гордана Алексова и Бојан Петревски (за средно ниво), Бобан Карапејовски (за напредно ниво на полето на јазикот), Роза Тасевска и Јован Ковачевски (за напредно ниво на полето на преведувањето) и Весна Мојсова-Чепишевска и Елена Ѓорѓиовска (за напредно ниво на полето на литературата).

На сето ова и УКИМ и Мојсова-Чепишевска гледаат како на еден вистински влог во отпочнувањето на прославата на големиот јубилеј – 100 години од раѓање на Блаже Конески, стои во соопштението.

Next Post

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на обвинителството

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ