Станари ѝ приредија емотивно изненадување на чистачката која 20 години работела во нивната зграда.
Тие ѝ овозможиле престој во огромен стан со 4 спални соби и 3 бањи, плаќајќи ѝ го наемот за 2 години. Емотивната реакција на Роза била документирана и сега растопува срца на Reddit. Во видеото, агенти за недвижности ја водат Роза во станот која таа мисли дека треба да го исчисти, без воопшто да се посомнева дека тој е нејзин.
„Ова е Роза, која ја изгуби работата поради КОВИД и сега живее кај сестра ѝ. Таа работеше во оваа зграда 20 години. Сите ја САКААТ! Затоа… Одлучивме да ѝ возвратиме на жената која им дава многу на сите. Таа не знае дека ќе добие стан“ – пишува на почетокот од видеото.
https://youtu.be/8NxsctytcLY