ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши расправата за Предлог законот за рамномерен регионален развој, ќе се гласа дополнително

January 26, 2021 19:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во Собранието попладнево на пленарна седница расправаа за Дополнетиот предлог на закон за рамномерен регионален развој, во второ читање, со чие спроведување треба да се помогне во намалување на диспаритетот помеѓу регионите во земјава. Пратениците ја завршија расправата, но, по Предлог законот ќе се гласа дополнително.

Цели на политиката за поттикнување на рамномерен регионален развој се да се овозможи рамномерен и одржлив развој на целата територија заснован врз моделот на полицентричен развој, намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани, зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на различните региони.

Со спроведувањето на политиките треба да се овозможи зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој, развој на урбаните подрачја, развој на подрачјата со специфични развојни потреби, развој на селата и поддршка на меѓуопштинската и прекугранична соработка на општините во функција на поттикнување рамномерен регионален развој.

Претениците од опозицијата не се сигурни дека и со ова законско решение ќе се намали диспаритетот или нееднаквоста во развојот на регионите, но и во доделувањето на средствата. Побараа на одреден временски период да се контролира колку и со колкави средства се финансираат проекти за одредени региони. Пратениците од опозицијата, пак, велат дека од некаде треба да се почне да се работи на регионалниот рамномерен развој и оти овој закон токму тоа го овозможува.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека со законот ќе се овозможи рамномерна распределба на средствата за сите региони во земјата. Ќе се развиваат, рече, и урбаните заедници, затоа што во нив живее околу 80 проценти од населението. За поголема контрола, како што рече, и средствата кои се од другите министерства, а се наменети за локалните самоуправи, ќе се доделуваат заедно со оние од Министерството за локална самоуправа преку советот за рамномерен регионален развој, и така ќе се знае за која општина и за кој регион колку средства биле доделени.

Во овој дополнет Предлог закон се вградени амандманите усвоени од матичното работно тело, Комисијата за европски прашања на седницата одржана на 20 јануари и усвоени од Законодавно-правната комисија на седницата одржана на 21 јануари.

Претходно пред паузата пратениците во рамки на продолжението на 32. седница, дебатираа и за дополнетиот Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, во второ читање. Расправата заврши, но најавено беше дека и за него ќе се гласа на некое од продолженијата на оваа седница. /MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Калеска Ванчева: Пописот со европски стандарди спроведен од професионалци ќе биде успешен

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk