ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19, науката резервирана

Лекарите велат дека „Карвативир“ се темели на мајчина душица, растение кое со векови се користи во традиционалната медицина, но чие влијание врз коронавирусот не е утврдено.

January 27, 2021 07:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти, а овие тврдења, сепак, не се поддржани од науката во земјата.

Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро пред три дена на телевизија го претстави лекот „Карвативир“, орална суспензија за која самиот тврди дека е тестирана врз пациенти во болница во Каракас и во спортски центар што се користи како привремена болница.

-Лекот мина низ деветмесечни испитувања, тестирања, клиничка примена врз многу болни луѓе кои беа на респиратори и можевме да ги повратиме, рече претседателот Мадуро  за време на телевизискиот пренос во неделата.

Течноста, според него, се чудесните капки на Хозе Грегори Хернандез, венецуелски лекар кој живеел во 19 век и минатата година беше прогласен за блажен од Римокатоличката црква, без да ги наведе нејзините активни состојки.

Министерството за информации веднаш не одговори на барањето за коментар.

Лекарите велат дека „Карвативир“ се темели на мајчина душица, растение кое со векови се користи во традиционалната медицина, но чие влијание врз коронавирусот не е утврдено.

Националната медицинска академија во соопштение објавено вчера рече дека „Карвативир“ поседува терапевтски потенцијал против коронавирусот. Но, додаваат научниците во соопштението, попаметно е да се почекаат повеќе податоци од истражувањето за тие да го сметаат за антиковид лек./МИА/. 

Next Post

Со новиот образовен систем, воннаставните активности ќе бидат дел од содржината на училиштата, вели Царовска

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk