ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНХЦР бара да се стави крај на враќањето на барателите на азил и насилството врз бегалците

January 28, 2021 11:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вискокиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) изразува загриженост од зачестените протерувања и неформални враќања на бегалци и баратели на азил на европските копнени и морски граници и ги повикуваат земјите да ги истражат и прекинат тие практики.

– УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите. Неформалните враќањата се одвиваат на насилен и очигледно систематичен начин. Чамците со бегалци се влечени наназад. Луѓето, штом стигнат на копно, се собирани и потоа враќани на море. Многумина пријавуваат насилство и злоупотреби од страна на државните сили, нагласи помошникот високиот комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс.

Тој посочи дека, исто така, лицата кои пристигнуваат по копнен пат се неформално притворани и насилно враќани во соседни земји, без да се земе предвид нивната потреба за меѓународна заштита.

Тригс потанцираше дека Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законите на ЕУ бараат од земјите тие да ги заштитат правата на лицата кои бараат азил и заштита од враќање, дури и ако влезат по нерегуларен пат. Властите, како што посочи тој,  не можат по автоматизам да не дозволуваат влез или да ги враќаат луѓето без да извршат индивидуална проценка на лицата на кои им е потребна заштита.

– Почитта кон човечките животи и правата на бегалците не е прашање на избор, туку правна и морална обврска. Иако земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие исто така мораат да ги почитуваат и човековите права. Неформалните враќања се едноставно незаконски, рече Тригс.

Помошникот на високиот комесар наведува дека правото на барање азил е основно човеково право.

– Пандемијата КОВИД-19 не е исклучок; можно е да се обезбеди заштита од пандемијата и да се осигури пристап до правична и брза постапка за азил, истакна Тригс.

Тој посочи дека УНХЦР  јасно ја изразила својата загриженост пред европските држави. Агенцијата за бегалци, како што рече, повикува итно да се истражат наводните прекршувања и малтретирање, кои се засноваат на веродостојни сведоштва и се потврдени од невладините организации, медиумите и извештаи од отворени извори.

– Се залагаме за независни национални механизми за мониторирање кои ќе го осигураат пристапот до азил, ќе го спречат кршењето на права на границите и ќе обезбедат одговорност. Независното мониторирање се предлага и од Пактот на ЕУ и апелираме до земјите-членки на ЕУ да го поддржат, рече Тригс.

Имено, бројот на пристигнувања во ЕУ продолжува да опаѓа секоја година. Бројот на лица кои пристигнале по воден и копнен пат во 2020 (95.000) е намален за 23 проценти во споредба со 2019 (123.700 лица) и за 33 проценти во споредба со 2018 (141.500).

– Со толку малку пристигнувања во Европа, оваа состојба би требало да е под контрола. Жално е дека прашањето на азил продолжува да се политизира и да создава поделби и покрај ваквите бројки во опаѓање. УНХЦР согледува дека одредени земји носат непропорционална одговорност во однос на прифатот на новопристигнати луѓе. УНХЦР ги повикува останатите европски држави да покажат солидарност и да ги поддржат, наведе помошникор висок комесар.

УНХЦР ги повика европските земји да ги почитуваат своите постојни заложби за заштита на бегалците со тоа што ќе ги примаат барателите на азил на своите граници, ќе ги спасуваат на море и ќе дозволат нивно префрлање на копно и регистрација, како и поддршка на новите баратели на азил.

Од УНХЦР истакнаа дека се подготвени да им помогнат на државите да ги достигнат тие меѓународни обврски во областа на азилот.

 

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: ЕУ ќе излезе како победник и ќе им помогне на земјите да дојдат до вакцини

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk