ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев за енергетиката: По 30 години, ќе успее проектот Чебрен вреден до 800 милиони евра, земјава го привлече интересот на западниот свет и станува важна трансверзала на енергетските инвестиции

January 28, 2021 19:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во вечерниот дел од дебатата на седницата за пратенички прашања зборуваше за планот „Акција 21“ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.

„Го нарековме „Акција 21 за европски стандарди дома“ затоа што претставува продолжување на владините реформи од секој можен аспект, пред сѐ мислиме на оние најважните: правосудството и борба против корупцијата, но секако овде е и екологијата, борбата за здрава животна средина. Развивме и сериозен енергетски план, затоа една од точките на „Акција 21“, покрај животната средина е и енергетиката. Нашата земја станува една раскрсница од позитивен аспект на интереси на инвеститори пред сѐ од западниот свет, пред сѐ мислам на Америка и Германија и земји нивни сојузници како Катар со нивниот течен гас, поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија, како и вториот интерконектор којшто има проектна документација помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Стануваме важна трансверзала во делот на енергетските инвестиции.
Тоа предизвика внимание од страна на Владата да развие неколку проекти пред сѐ законска и правна регулатива за брзо привлекување и брзо инвестирање во вакви енергетски објекти, најмногу мислам на фотоволтаиците и фотонапонски централи, на ветерниците, на гасни централни, на биомаса, сѐ со конечна цел да создадеме продукција во стотици и стотици мегавати кои што ќе ги заменат, би ги кажал 600 мегавати во РЕК Битола и 120 во Осломеј“, објасни премиерот Заев.

 

„Ќе набројам неколку проекти, Чебрен е најголемиот проект, 30 години државата на него има 11 пати неуспешност во обидите за спроведување, овој пат имаме историски успех до таа фаза во којашто сме стигнати. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, 10 компании беа понудени, 9 ја поминаа првата фаза со нивната капацитетност и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мегавати. Дополнително, во моментов, во нашата држава се градат 72.5 мегавати, 10 мегавати гради ЕСМ во Осломеј, 62.5 се по пат на премии, веќе неколку пуштивме во употреба и се градат ширум државата, дел се на државно земјиште, дел се на приватно земјиште. Оди вториот дел од постапката за 100 мегавати во Осломеј каде што државата бара најмалку 10% за државата и по пат на позитивна лицитација кој ќе даде повеќе ќе ги добие можностите да биде коинвеститор во овие фотоволтаици“, соопшти премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања, денеска, во Собранието на Република Северна Македонија.
Next Post

Спасовски: „Јавна соба“ затворена, случајот документиран, сите што го прекршиле законот ќе бидат казнети

НАЈНОВО

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
Скриншот

Талибанците ја прославуваат четиригодишнината од враќањето на власт во Авганистан

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk