ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Согласно новиот закон секој вработен во некоја институција, сведок на насилство, е должен е да го пријави, а институциите да постапат

January 30, 2021 12:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заради  надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Според неа, ова законско решение претставува нов исчекор по постапувањето на институциите и предвидува мултисекторски, институционален и координиран пристап во справувањето со насилството во сите облици.

Во врска со случајот со „Јавна соба“, министерката истакна дека охрабрува чекорот на девојките кои беа  жртви на насилство почнуваат гласно да говорат. Таа зборуваше и за одговорноста на институциите која, како што рече, е огромна и обврзувачка.

-Токму новиот Закон предвидува постапување со должно внимание односно секој кој е вработен во некоја институција, сведок на насилство, должен е да го пријави. Прва инстанца се Центрите за социјална работа или Полицијата кои се должни да постапат, а судот во рок од 24 часа, носи одлука согласно констатираниот полициски извештај. Целта на новото законско решение е да ја подигаме  јавната свест, да говориме отворено за насилството, да го превенираме , а доколку истото се случи да се превземат мерки, како итни ,така и за поддршка и заштита на жртвата, истакна министерката Шахпаска во интервју за радио Канал 77.

Таа информираше дека за периодот од јануари до септември 2020 година се случиле 1168 насилства, од нив 836 жртви пријавиле насилство во градовите, а 332 во рурална средина. Притоа, 51 малолетно девојче и 53 момчиња биле жртва на насилство, што, како што нагласи таа, претставува поразителна бројка. Во 816 случаи од 1168 пријавени случаи на насилство, институциите постапиле односно превземале соодветни мерки.

Таа зборуваше и за тоа дека родителите, наставниците мораат да ја забележат промената во однесувањето на детето. -Ако дете кое до вчера било одлично, активно и одеднаш е се однесува спротивно од тоа, наставникот е должен следејќи го детето да реагира, да постапи затоа што тоа е дел од неговиот професионален ангажман  и преку разговор со детето, родителите, да увиди која е причината за промените во неговото однесување. Истото се однесува и за родителите, кои се први кои треба да ги забележат промените кај своето дете, нагласи министерката за труд и сицијална политика.

Шахпаска порача дека сите како одговорни граѓани треба да одиме до крај во спротивставување на насилството и борбата против него.

 

/МИА/
Next Post

Шпанија и Португалија привремено обновуваат гранични контроли поради Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk