ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Патувај со пратеникот до Скопје и постави ги твоите прашања

January 31, 2021 15:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На негово излегување од Собранието на Република Северна Македонија имавме прилика на кратко да застанеме со пратеникот на СДСМ од Куманово, господинот Мартин Костовски, пишува Одпрварака.мк.

Истиот брзаше да се врати во родното Куманово и ни соопшти една интересна идеја во врска со секојдневно патување. Костовски кој со семејството живее во Куманово, а до Скопје секојдневно патува со својот автомобил испрати информација и повик до своите сограѓани од Куманово.

Оние кои патуваат во Скопје а особено (пациенти, студенти и генерално секој кој патува до главниот град) дека можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него.

Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците (преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест, а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин.

Така, драги читатели доколку патувате во Скопје и го видите пратеникот Костовски кој тргнал накај главниот град патувајте со него, а ако цените дека има прашања за кои сакате да поразговарате, патувајте и одблизу запознајте го својот претставник!

Притоа на шала истакна дека нема намера да им биде конкуренција на транспортните претпријатија, туку еве со мал гест на дело да покаже дека време е секој носител на функција да биде жаргонски кажано “нормален народски човек”.

За крај ни кажа дека еве прв го крши мразот и поставува нови навики на однесување и се надева дека и другите пратеници, директори, градоначалници па дури и министри ќе ги следат новите навики.

Next Post

Во акциска контрола едно лице затекнато во незаконит лов со пушка за која немало дозвола

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk