ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вики Чадиковска: Јавна соба е фина шлаканица која треба да нѐ освести

January 31, 2021 12:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Вики Чадиковска, пишува на актуелната тема Јавна соба – група на мрежата Телеграм, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите, дознаваме од Слободенпечат.мк.

Секој од нас има индивидуална и колективна одговорност, како парче од системот. Многу настани кај нас, гласно покажуваат дека ова наше општество страда од обезвреднување, морална дисторзија, но и системски решенија кои ќе покажат дека постои институционална одлучност да се стави крај на многу проблеми.

Ситуацијата со Јавна соба е фина шлаканица, која требаше уште лани, ама за жал еве и годинава не нè освести. Не можам да сфатам како луѓето лесно прифаќаат да бидат дел од една катастрофална состојба, а притоа да не пробаат одлучно да придонесат за нејзино менување.

Во ова општество предолго негуваме надежи во погрешни идоли, луѓе без вредности. За жал, тоа нè води кон колективна дисторзија. Не може да се гради вредносен систем без неказнивост. Немање систематичност, немањето одговорност, се само скалила кои нè носат кон состојбата во која сме затекнати. Живееме во време во кое се прави сè и сешто. Секој може да каже сè што му лежи на душа, без притоа да не одговара за последиците од изнесените навреди, дискредитација, уништен нечиј углед…

Демократија не значи дека можеш да ограбиш банка или продавница, а без притоа да не сносиш последици од своето однесување. Демократија не значи да се расфрлаш со вулгарности, дискриминација, говор на омраза, стигми и сексизам во јавниот простор. Демократијата подразбира права и слободи, но едновремено и одговорности. Не може да се залагаме за слободата, а притоа да ги нарушуваме правата и слободите на поединци или групи. Сите мора да сфатиме дека секој наш чин, секој збор, секое делување, претставува рамнотежа на права и обврски, слободи и одговорности.

Јавна соба не смее да има реприза на нерешливост. Јавна соба е причина повеќе, каква порака ќе се упати до јавноста за правда и правичност. Виновниците треба да одговараат, но и да бидат објавени јавно, затоа што овој случај освен правичност има и товар за морален кредибилитет, кој треба да нè засегне сите, поединечно. Сите мора да сфатиме, грешките мора да се коригираат веднаш, пред да биде предоцна. Слободата никако не значи дека сè е дозволено. Слободата е битка за вредности, почит, права и одговорности во секоја ситуација, без исклучок.

Јавна соба не е обичен разговор во група. Јавна соба по една година без разрешница е скандал. Јавна соба е дефиниција за нешто што не треба да биде дозволено, прифатено или разбрано. Јавна соба е порака и до јавноста, но уште повеќе до институциите и системот дека имаме катастрофална грешка. Јавна соба е силен вресок дека итно ни треба писменост по сите аспекти и институционална функционалност. И секако, најважно е да разбереме дека ова нè погодува сите.
Некаде прочитав некој коментар, како се сликала, па не знае дека паметните телефони не се безбедна алатка!?! И така да е, тоа тело има сопственик, тоа се лични податоци и не смее никој да ги користи како порнографска пропаганда. Тажно е колку не разбираме дека денес секој може да украде и злоупотреби нечии лични податоци, но токму тој чин е кривично дело. Мора да научиме да лоцираме вина прецизно, а институциите да смогнат храброст и да реагираат брзо и одлучно. ЈАВНА СОБА МОРА ДА ИМА БРЗА РАЗРЕШНИЦА.

Next Post

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Десетици повредени и 37 приведени во протестите синоќа низ Србија

August 15, 2025

Сибиха пред средбата Трамп-Путин: Никакви одлуки во врска со мирот не можат да се донесат без Украина

August 15, 2025

Четириесет и пет уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk