ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Париски „Ла кроа“: Северна Македонија конечно ќе ги преброи своите жители

February 1, 2021 16:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Францускиот демохристијански весник „Ла кроа“ во опширна статија се осврнува на идниот попис во Северна Македонија. Пописот, што не се одржуваше 19 години поради политички тензии, сега, според парискиот весник, конечно треба да се одржи во април, откако на 21 јануари со тесно мнозинство е донесен Законот за попис, јави дописникот на МИА.

-Колку жители има Северна Македонија? Многу паметен би бил тој кој може да одговори на ова прашање. Ова конечно ќе биде разјаснето за време на пописот закажан во април, 19 години по оној од 2002 година. Бидејќи секој знае дека официјалната бројка што ја прикажува македонскиот Завод за статистика од 2,07 милиони жители е тотално виртуелна, земјата доживеа толку многу пресврти во текот на изминатите две децении, вклучително и силната емиграција која се брои во стотици илјади, започнува статијата на „Ла кроа“.

Според новинарката на „Ла кроа“, Мари Вердие, операцијата наречена „попис“ е многу чувствителна, ако не и експлозивна. Законот што го организира беше изгласан на 21 јануари со тесно мнозинство, со 62 пратеници од 120. Пратениците на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ, од своја страна, го бојкотираа гласањето. И велат дека сакаат да организираат петиција за укинување на законот. Тие ја обвинуваат Владата на Зоран Заев (коалиција на социјалдемократи со партијата на албанското малцинство) дека сака да го фаворизира ова албанско малцинство, наведува весникот.

Понатаму весникот дава објаснување на контекстот во којшто се одржуваа пописите во земјата, наведувајќи дека „според Охридскиот договор од 2001 година, со кој се стави крај на албанското востание, Уставот гарантира права за застапување на малцинството на национално и општинско ниво, кога тоа претставува 20 отсто од населението. Пописот од 2002 година утврди дека Македонците претставуваат 64 отсто од населението, Албанците 25 отсто, а остатокот го сочинуваат неколку малцинства, особено Роми и Турци.“

Токму влогот за процентот на албанското малцинство, а со тоа и за споделувањето на власта, кое беше исполитизирано до крајност и го предизвика неуспехот на пописот во 2011 година, оценува „Ла кроа“.

-Секој треба да остане смирен во врска со пописот. Ова е само статистичка операција што ќе служи за административни и плански цели. Откако ќе се доделат, правата на малите заедници не треба да се доведуваат во прашање, ја пренесува францускиот весник изјавата на премиерот Заев.

За само една деценија, бројот на ученици во училиште падна за десет отсто. Но, овде повторно е тешко да се разликува делот што се припишува на емиграцијата или поради падот на наталитетот, податок што е исто така неизвесен… Весникот потсетува на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дадена за „Фајненшел тајмс“ на 15 октомври, според кого, пописот повеќе не е прашање за етнички тензии, туку за демографскиот пад, што, како што заклучува „Ла кроа“, е најголемиот предизвик на Балканот. 

Next Post

Денеска се регистрирани 61 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk