ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Немаме доволен број инспектори, неопходни се уште минимум 11

February 1, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Немаме доволен број на инспектори, меѓутоа сега правиме координација со овластени инспектори и во оној момент кога не може итно наш инспектор да отиде на терен тогаш ќе се обратиме до општината за да може да се документира самото загадување, информира денеска в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, додавајќи дека во моментов имаат 15 инспектори на терен, а им се неопходни уште минимум 11.

Во моментов, како што посочи, ја ажурираат листата на овластени инспектори на локално ниво и таа листа укажува на потребата општините кои во моментот немаат овластен инспектор, веднаш да ангажираат.

Главно пријавите во нивна надлежност, рече Петровска, треба да се фокусираат на големите загадувачи, на инсталациите кои имаат А интегирана дозвола или елаборати за заштита на животна средина кои се одобрени од министерот.

Инспекторатот, како што поосочи, има и многу други надлежности, како на пример можност да постапува заедо со техничката инспекција во однос за дозволите за експлоатација на минерални суровени, потоа постапуваат по Законот за генетски модифицирани организми, постапуваат по Законот за заштита на природа каде што заедно со шумска полиција или Инспекторатот за ловство, шумарство или земјоделство,  исто така можат да имаат координирани активности. Координирани активности, додаде, можат да имаат и со Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Очекувам дека пријавите ќе бидат доволно широки за и ние да имаме подобар увид за тоа што се случува на терен, а одлуката за тоа кога и како ќе постапиме ќе ја носиме сами и во соработка со други надлежни инспекторати, каде што можеби преклопуваме надлежности или каде што некој друг има надлежност. Тоа значи дека нема да одбиме ниту една пријава, тука ќе ја проследиме до надлежен орган и потоа ќе известиме дека таа пријава е пренесена на некое друго ниво,  соопшти Петровска.

Во однос на случајот со фирмата од округот на Металски завод Тито, која на непрописен начин го третираше медицинскиот отпад, Петровска информира дека компанијата се уште не работи во Ќерамидница, туку работи на својата стара локација, и оти од МЖСПП дознале дека за да може да почнат со работа треба да добијат Б интегрирана дозвола од Град Скопје.

– Сметам дека при процесот на добивање на Б интегрирана дозвола што ќе се случува во градот Скопје ќе треба да се води сметка за сите оние неправилности на кои ние укажавме во дописот до МЖСПП, нагласи Петровска.

 

/МИА/
Next Post

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во Северна Македонија е задоволително

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk