ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

February 1, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 93 граѓански организации изразија поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование.

Како што соопштија денеска од ХЕРА, интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.

-Имајќи предвид дека бројни анализи на учебниците од основно, средно и високо образование укажаа на присуство на родови стереотипи и дискриминаторски наративи, а дополнително и комплетно или релативно отсуство на дадени социјални групи (жени, лица со попреченост, етнички други, ЛГБТИ итн.), ја поздравуваме насоченоста на новата концепција кон надминување на овие крупни проблеми во продукцијата на знаења и вештини во рамките на образованиот процес, посочија во соопштението.

Според граѓанските организации, воведувањето на изборен предмет за сексуално образование, како што предвидува новата концепција, дополнително ќе придонесе кон поголема информираност на младите за еднаквоста на луѓето, заштитата од насилство и намалувањето на дискриминацијата.

-Минатите недели сме сведоци на јавни објави на повеќе жени актерки за сексуалното малтерирање во Србија, што уште еднаш покажува дека жените се жртви на постојано насилство по родова основа. За жал, со вакви примери се сретнуваме сè почесто, а тоа го докажува и истражувањето на ОБСЕ од 2019 година кое укажува дека дури две третини жени од регионот претрпеле некаков вид на насилство. Случајот Јавна соба во Македонија исто така ни покажа дека денес девојчињата сè повеќе се предмет на сексизам и сексуално вознемирување и дека постои итна потреба од нивна системска заштитаа, појаснуваат во соопштение.

Здруженијата предлагаат и воспоставување на национален родово образовен механизам под покровителство на Министерството за образование и наука кој ќе следи и ќе ги одобрува наставните планови и учебниците кои ќе се користат во образованието за да се гарантираат принципите на еднаквост и заштита од дискриминација и од говор на омраза од аспект на род, пол и родов идентитет.

Исто така, еден од нивните предлози е и создавање на задолжителен систем на едукација и кариерен развој на наставниците во унапредување на нивните компетенции за родовите прашања, еднаквоста и недискриминацијата преку програмите за обука на наставници во рамките на Бирото за унапредување на образованието.

Дел од здруеженијата кои даваат поддршка на оваа платформа се Платформа за родова еднаквост, Мрежа за заштита од дискриминација, Глас против насилство – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформа за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ и други

 

/МИА/
Next Post

Новиот омбудсман Зибери даде свечена изјава во Собранието

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk