„Неделава ќе ги завршиме консултациите и ќе ги објавиме мерките од петиот пакет мерки. Мислам дека како ниедна влада претходно се обидуваме сите да ги вклучиме во преговорите за иднината на економијата. Предложив и коморите да се спојат во едно тело преку кое ќе комуницираме. Духот на овој нов пакет мерки е дека сите заедно мораме да се бориме. Ние сме една од ретките држави која има донесено пет пакети со мерки. Ќе имаме и нови ако наложи кризата.“- зборуваше Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија, во емисијата „Утрински брифинг“.
Објасни дека политиките на оваа влада се исклучиво насочени кон системско решевање на проблемите, не краткорочно и популистички.
„До сега 700 илјади граѓани добија пари на различен начин како помош од државата. Сега во петиот пакет мерки имаме бришење на камати од стари долгови што ќе им помогне на најзагрозените кои се во сиромаштија, а овие долгови им го отежнуваат животот. Зборуваме за системско решевање. Само како пример, социјалата пред три години започна со системско решавање на проблемите. Затоа направивме квантен скок и ја зголемивме помошта кон ранливите категории за 300 отсто, што и понатаму не е доволно. Истото со минималната плата го направивме. Сакам да кажам, ни треба уште малку време за да почнеме да ја менуваме целосно сликата во економијата.“- заклучи Битиќи.
Д. Е.





